СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да и предложи на Владата од среда, 16 јуни, да се укине полицискиот час бидејќи епидемиолошката состојба во државата е стабилна. Вчера за прв пат по 2 септември 2020 година не беше регистрирана жртва од коронавирусот а во моментов како активни се водат 437 случаи.
Покрај укинувањето на полицискиот час Комисијата предлага да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадба како и да се дозволи организирање на забави и концерти на отворено со максимум 50 отсто од капацитетот на објектот.
„Министерството за здравство информира дека утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова“, соопштија од Министерството за здравство.
Главниот координативен кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките и останува на Владата да ги усвои препораките на следната седница која ќе се одржи денеска или најдоцна утре.
Полицискиот час беше воведен на 11 март.
Осд почетокот на епидемијата битаката со вирусот ја загуби 5.471 лице
Facebook Forum