Линкови за пристапност

Ова е денот кој го чекаме 30 години!


Во 18 часот на „Националната арена“ во Букурешт, шведскиот судија Андреас Екбегрг, ќе го означи стартот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Австрија. По 30 години чекање конечно дојде денот кога македонските фудбалери дебитираат на Европското превенство

БУКУРЕШТ – Во 18 часот на „Националната арена“ во Букурешт, шведскиот судија Андреас Екбегрг, ќе го означи стартот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Австрија. По 30 години чекање конечно дојде денот кога македонските фудбалери дебитираат на Европското превенство, едно од двете најпрестижни натпреварувања во овој спорт.

Многу соништа и желби се исполнети, но битката допрва почнува. Историјата допрва ќе се пишува.


А ќе ја пишуваат Ангеловски, Пандев, Елмас, Барди, Тричковски, Велкоски, Адеми, Алиоски Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Ристовски, Шишковски, Велковски, Николов, Ристовски, Спировски, Чурлинов, Радески, Стојановски, Трајковски Димитриевски, Јанков, Зајков, Аврамовски, Хасании Костадинов.

„Сега е наше време“ – вели слоганот на Фудбалската федерација.

Репрезентативците се максимално мотивирани и подготвени за натпреварот. Го знаат противникот бидејќи во квалификациите два пати игравме со репрезентацијата на Австрија и два пати загубивме. Неколку дена се анализира нивната игра и се подготвува тактиката со која ќе им се спротивставиме. Селекторот Игор Ангеловски, разбирливо, не открива детали.

Емоции има многу. И кај стручниот штаб, и кај играчите и особено кај фановите.


„Чувствуваме силни емоции. Сите треба да се гордеат со оваа репрезентација. Сигурни сме дека можеме и многу повеќе.Многумина сметаат дека сме аутсајдери на првенството но нам тоа не ни пречи. Тоа е дополнителен мотив за сите нас“, рече селексторот Ангеловски.

Капитенот Пандев уверува – подготвени сме!

„ Подготвени сме да го дадеме срцето за нови радости. Сите погледи во Македонија се насочени кон нас. Свесни сме за квалитетот што го поседува нашата препрезентација. Подготвени сме за надигрување“, изјави вонсерискиот Пандев.

А фановите се во транс, особено оние пет илјади кои се веќе во Букурешт и ќе ги бодрат репрезентативците од трибините. Во Скопје и во сите градови со нтрпение се очекува стартот.

„Ќе победиме! Денеска е наш ден. Се пласираме во следниот круг. Овој тим има потенцијал“, вели Игор Мирчевски.

„ Два спрема еден за нас. Пандев и Елмас ќе бидат стрелци. Време е да се одмаздиме за поразите во квалификации“, убеден е Зоран Иванов.

Кафулињата и рестораните се подготвени за фешта, а дресот на репрезентативците е она што најчесто може да се види дека го носат граѓаните по улиците.

XS
SM
MD
LG