Линкови за пристапност

Mинистерствата за економија и земјоделство се вклучуваат во економската дипломатија


Тие ќе бидат дел од проектот на МНР со економски советници. Економија ќе ги покрие Женева, Брисел и Чикаго а земојделство испраќа во Рим и Каиро. МНР најавува посебен советник во Софија чија надлежност е спроведување на акцискиот план. Работата на еконоските советници ќе се евалуира годишно

СКОПЈЕ - Петмина економски советници кои МНР ќе ги испрати во амбасадите и конзулатите во Европа и САД ќе бида од министерството за економија и земјоделство кои се вклучуваат во економската дипломатија. Од министерството за економија тројца советници одат во Женева., Брисел и Чигако. Советникот кој ќе биде изспратен во Женева примарно ќе работи со светската трговска организација додека преставникот во Брисел ќе има задача да ги исполнува дел од поглавјата кои треба да се хармонизираат со ЕУ а се под министерството за економија.

„Во Женева е многу важно имајќи предвид дека се прават големи реформи во Стевската трговска организација секако и мултилатеризмот е многу важен во делот на креирање на трговската политика не само за нашата држав и Европа туку и на глобално ниво. Во Брисел пак преставникот освен привлекување на инвестиции ќе работи и на исполнување на хармонизација на поглавјата со ЕУ“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Од земјоделие ќе биде испратен претставник во амбасадата во Рим а негова примарна задача ќе биде организација за храна и земјоделие- ФАО.Министерството ќе испрати уште еден претставник кој ќе биде стациониран во амбасадата во Каиро, Египет.

„Позицијата која сега ја пополнуваме покрај ФАО ги покрива и другите две важни организации на ОН со седиште во Рим, меѓународниот фонд за развој на земјоделставото и светската програма за храна што отвара поле за нови проекти и развојни проиграми “, изјави Трајан Димковски, заменик министер за земјоделие.

МНР пак ќе испрати економски советник во Софија кој ќе се фокусира на спроведување на акцискиот план со Бугарија.

„Неговата задача ќе биде маллку поразлична од онаа на економските сопветници кои ги испраќаме во другите држави бидејки се фокусира на секторската соработка во делот на економските и трговските односи и во имплементација на Акцискиот план“, рече Бујар Османи, шеф на македонската дипломатија.

Мандатот на еконосмките советници е до 3 години а платата ќе биде изедначена со онаа на дипломатите во таа држава. Одлуката за упатување е една година со можност за продолжување кое ќе зависи одгодишна евалуација за нивната работа која е новина во овој проект. Методологијата за оцена на активностите веќе е испраена до сите амбасади и конзулати.

„Во делот на економската дипломатија полесно се квантификуваат параметрите. Во делот на политичката не можете така лесно. Колку компании сте сретнале, на колку сте им ги презентирале нашите можности, колку од нив одлучиле да дојдат по презентацијата, колку од тие што ја посетиле државата решиле да инвестираат. Полесно се поставуваат параметрите кои може да се евалуираат“, објасни Османи.

Во првата фаза на овој пилот проект МНР веќе назначи четворица економски советници кои допрва ќе бидат распоредени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

XS
SM
MD
LG