Линкови за пристапност

Српските туристи ќе добијат попусти и поволности во Охрид, но ќе мора да платат патарини


Српските туристи ќе добијат попусти и поволности во Охрид, но ќе мора да платат патарини
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:25 0:00

Српските граѓани кои ова лето ќе се одлучат да одмараат покрај Охридското езеро, ќе бидат привилегирани во однос на останатите. Во знак на благодарност кон соседна Србија, каде бесплатно за Ковид-19 се вакцинираа неколку илјади македонски граѓани, помеѓу кои и туристички работници, хотелиерите од Охрид и Струга на српските туристи им нудат за 20% пониски цени на аранжманите.

Некои од туристите од Србија кои за првомајските празници беа во Охрид, сакаат летово повторно да дојдат.

„Се разбира во Охрид. Преубаво е овде. Прв пат сум овде. Ми се допаѓа и сигурно ќе дојдам уште неколку пати“ вели турист од Србија.

Бесплатни ќе бидат и патарините низ Коридорот 10

за српските граѓани кои одморот ќе го поминат во Грција, а ќе транзитираат низ земјава. Македонската влада ќе подели 200.000 електронски картички, за патнички моторни возила со српски регистарски ознаки. Ќе бидат потрошени речиси 3 милиони евра.

Се очекува барем дел од нив на враќање неколку дена да наминат до Охрид.

„Мислам дека тоа е убав потег. Веројатно како контра потег за вакцините кои Србија ви ги испрати. Јас пред година и половина бев овде. Ова ми е втор пат. И тоа е знак дека ми е убаво“ вели турист од Србија.

Овој чекор на властите во Скопје е симбол на благодарност кон северниот сосед, од каде во најкритичниот период од пандемијата со Ковид-19, пристигна донација од неколку илјади вакцини. Не станува збор за меѓудржавен договор туку за иницијатива на владата и на туристичкиот сектор.

Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот предлагаат и други мерки.

„Од страна на општината ќе биде иницијатива за ослободување од паркинг услуги за туристите од Србија. Се надеваме дека во многу брзо време истото тоа ќе се случи и со билетите за музеите“ вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за поддршка и промоција на туризам.

Туристичките работници се оптимисти, очекуваат овие мерки да дадат резултати.

„Ние уште во април и мај ги посетивме туристичките агенции во Србија, во Белград, Ниш и Крагуевац, каде ги обновивме договорите за соработка. Ги очекуваме првите гости да пристигнат кај нас, а јули и август ќе работиме со пет дневни аранжмани. На српскиот пазар има доста интерес за Македонија, поточно за посета на Охрид“ вели

Наташа Цветаноска, менаџер на хотел Маива – Охрид.

„Може да се добие сместување од 25 до 30 евра, за ноќевање со појадок. Зборуваме за сезона и тоа се добри цени. Се надеваме дека ќе почне да лета и авион Белград-Охрид, двапати неделно“ вели

Крсте Блажески, претседател на Хотелска асоцијација на Македонија.

Блажески смета дека ваквите мерки не се дискриминирачки во однос на туристите од останатите држави, кои се и те како добредојдени ова лето.

„Ќе ги споменам гостите од соседните држави и од Холандија или Полска. Тоа се договори со туроператори кои прават закуп на повеќе соби и се со гаранција на исполнетост од 70%. Тука се работи за од мај до октомври. Сега зборуваме за гости кои би дошле на два, три, четири дена. Не може да ги споредуваме тие две работи“ вели Блажески.

Туристичките работници бараат мерката за ослободување од плаќање на патарина да важи и на пат кон Охрид, но образложението е дека на тие патарини нема електронски уреди за наплата. Во меѓувреме, опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива, ваквата одлука ја оспорија пред Уставен суд. Сметаат дека на овој начин владата ги дискриминира сите други соседи, од кои земјава има придобивки. Бараат да се промени одлуката и од наплата на патарини за време на туристичка сезона да се ослободат само граѓаните од сите соседни земји, на кои крајна дестинација ќе им се македонските туристички центри.

XS
SM
MD
LG