Линкови за пристапност

Убиени 10 добротворци кои работеле на расчистување нагазни мини во Авганистан


Смртоносниот напад врз авганистанските работници се случи во момент кога Талибанците ги интензивираа операциите на бојното поле низ целата земја и зазедоа повеќе од 14 области откако САД и нивните сојузници во НАТО започнаа да ги повлекуваат своите трупи од Авганистан на 1-ви мај

Официјални лица во Авганистан соопштија дека вооружени лица ја нападнале канцеларијата на меѓународната добротворна организација за расчистување на мини во земјата, убивајќи најмалку 10 лица.

Портпарол на провинциската полиција за Гласот на Америка изјави дека жртвите се сите авганистански државјани кои работат во кампот за мини.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид го негираше учеството, велејќи дека областа Баглан каде што се случи „ужасниот“ напад доцна во вторникот не била контролирана од бунтовниците.

Обединетите нации побараа целосна истрага за инцидентот.

„Згрозувачки е чувството дека ваков немил настан може да биде извршен врз организација што работи на расчистување на нагазни мини и други експлозиви за подобар живот на ранливите луѓе“, рече Рамиз Алакбаров, координатор за хуманитарност на ОН во Кабул.

Смртоносниот напад врз авганистанските работници се случи во момент кога Талибанците ги интензивираа операциите на бојното поле низ целата земја и зазедоа повеќе од 14 области откако САД и нивните сојузници во НАТО започнаа да ги повлекуваат своите трупи од Авганистан на 1-ви мај.

Во насилството во последните неколку недели беа убиени стотици борци од двете страни како и авганистански цивили.

Повлекувањето на странските трупи се очекува да заврши до 11-ти септември, краен рок утврден од американскиот претседател Џо Бајден, за да се стави крај на скоро 20-годишното учество на САД во авганистанската војна.

Во вторникот, војската на САД објави дека завршила повеќе од половина од ретроградниот процес.

Повлекувањата произлегуваат од договорот од февруари 2020-та година, кога Вашингтон преговараше со талибанците во замена за гаранции за антитероризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG