Линкови за пристапност

Кибернетски напад врз најголемиот светски преработувач на месо


JBS Foods, најголемиот преработувач на месо во светот, беше приморан да ги запре своите операции во Австралија и Северна Америка откако компанијата се соочи со кибернетски напад за време на викендот, соопштија претставници на нејзиното седиште кое се наоѓа во Бразил. Властите велат дека работат на расчистување на случајот.

Американската подружница, JBS USA, соопшти дека се преземаат активности за суспендирање на нападнатите системи, известување на властите и активирање на глобалната мрежа ИТ професионалци вработени во компанијата како и надворешни експерти за надминување на проблемите.

Некои трансакции со купувачите и снабдувачите може да доцнат поради нападот, се додава во соопштението.

Засега нема докази дека личните податоци на купувачите, снабдувачите или вработените се компромитирани. Помошниот компјутерски систем не бил нападнат.

Најголемиот преработувач на месо има производствени капацитети во Канада, Велика Британија, Европа, Нов Зеланд и Мексико.

XS
SM
MD
LG