Линкови за пристапност

УНЕСКО со препорака - Охрид да се стави на листата светско наследство во опасност


Извештајот на мониторинг групата која лани го посети Охрид најлош досега. Власта или бавна во спроведувањето на препорапките на УНЕСКО или пак воопшто не ги спроведува. Пребавно уривање на дивоградбите, мораториум кој не дал резултати и марина која се уште функциoнира

ОХРИД - Центарот за светско наследство на УНЕСКОго објави извештајот на Реактивната мониторинг мисија која во јануари минатата година го посети Охридскиот региони во кој има една јасна препорака, Охридскиот регион да добие нов статус - „Светско наследство во опасност“. Извештајот од 125 страници детално ја анализира состојбата во регионот, што е направено и превземено како и кои препораки воопшто не се земени предвид и не е постапувано по нив. Од УНЕСКО бараат забрзано спроведување на препораките и за Северна Македонија и за Албанија а тоа се уривање на веќе изградените дивоградби и почитување и спроведување на мораториумот за градба на крајбрежјето.

„Инвентарот на нелегалните градби е чекор напред, но уривањето на нелегалните објекти тече премногу бавно, посебно во Северна Македонија. Мораториумот на сите урбани трансформации и промени на брегот кој беше препорачан во 2017 година беше воспоставен во август 2019 година, по двегодишно одложување, од општините Охрид, Струга и Дебрца во Северна Македонија. Но, одлуките на општините вклучуваат неколку исклучоци за бројни градежни активности, и со тоа се губи смислата на мерката. Мисијата смета дека мораториумот треба да биде построго спроведуван и исклучоците да бидат значително ограничени “, стои во извештајот на УНЕСКО.

Оттаму конастаираат дека не постапувањето по препораките од 2017 година дополнително ја влоши и онака лошата состојба во која се наоѓа регионот кој е под силен удар на самоволие, урбаната мафија и необјасниот незаинтересирана локална власт и држѓавни институции.

„Сето тоа доведе до несoодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност. Затоа Охридскиот регион ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност“, заклучуваат во извештајот на УНЕСКО.

Од невладината „Охрид СОС“ заклучокот на мониторинг мисијата и предлогот Охрид да се тргне од листата на светско наследтво е очекуван.

„По втор пат, како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, експертите со јасна и гласна препорака: Охридскиот Регион да се стави на листата на светско наследство во опасност! Овојпат, заедно со Албанија го заслуживме истото, бидејќи носителите на власта и нивните прислужници по институциите, во дружба со крупните бизниси, бескрупулозно и насилно, во континуитет чинеа злодело кон едно од настарите езера на планетата Земја, го запустија наследството, ги нагрдија градовите, ја разграбаа земјата“, соопштија од „Охрид СОС“.

Од невладината велат дека преставниците на УНЕСКО „ги прочитале“ домаќините кои ниту сакаат ниту пак имаат ресурси да застанат на пат на уништувањето на крајбрежниот појас и урбаната мафија.

„Конечно, маските се симнати и можеме да го видиме вистинското лице на носителите на јавни функции. Центарот за светско наследство констатира дека „постоечките и планирани модификации и урбанизацијата ја интензивираат и онака ранливата состојба (на регионот) кон точката од кадешто нема враќање“, велат од „Охрид СОС“.

Алармот од УНЕСКО е вклучен веќе четири години, период во кој речиси ништо не се направи ниту пак се постапуваше или се спроведуваа нивните препораки. Напротив, никнаа нови хотели на крајбрежјето, вили и хацинети како покрај брегоиот и заштитениот појас така и во старото градско јадро, загадување на водата, флората и фауната.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ја убедува јавноста дека во Струга нема дивоградби а цебтралната власт го толерира неговот идолентно однесување и лажни изјави и ветувања. Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски почна со рушење на дивоградбите но запре речиси веднаш. Во моментов се отстрануваат објектите и инфраструктиурата на плажите кои неколку сезони работат без концесии, на диво, а ниту еден едниствен инспекторат не реагираше.

Охридскиот регион е на листата на Светско наследство на УНЕСКО од 1979 година

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG