Линкови за пристапност

Годинава повторно масовно одбележување на Денот на сеќавањето


(Бостон, АП) Неколку воени ветерани се движат низ историските гробишта во Бостон, бараат гробови на војници и на нив поставуваат американски знамиња.

На 15-на километри оттаму, ветерани и волонтери поставија 37 илјади мали знамиња во центарот на Бостон. Морето од црвена, бела и сина боја ги симболизира војниците од Масачусетс кој загинале во битка од почетокот на Револуционерната војна.

Оваа традиција целосно се врати годинава откако беше значително намалено во 2020-та поради пандемијата.

Во Бостон и насекаде низ САД овој празничен викенд ќе наликува повеќе на вообичаениот викенд за Денот на сеќавањето откако рестрикциите за Ковид-19 беа укинати на многу места.

„Овој Ден на сеќавањето е некако поинаков, имам подобро чувство“ вели Крег де Олд, 50 годишен пензиониран капетан во воените резерви. „Чувствувам олеснување зашто надминавме уште една битка, сега можеме да се вратиме на суштината на празникот – сеќавање на паднатите соборци“ вели тој.

Низ целата земја Американците ќе можат да им оддадат почит на паднатите војници на начини кои минатата година беа невозможни поради рестриктивните мерки.

Ова исто така е време за сеќавање и на десетици илјади ветерани кои починаа од Ковид-19.

Нема збирни податоци за починатите и вакцинираните ветерани, но информациите од Одделот за ветерани покажуваат дека повеќе од 12 илјади починале, а повеќе од 2.5 милиони биле вакцинирани. Во програмите на Одделот се пријавени околу 9 милиони ветерани.

XS
SM
MD
LG