Линкови за пристапност

Бајден оддаде почит на загинатите војници на Денот на сеќавањето


Американскиот претседател Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и воените лидери ќе учествуваат на церемонија на Националните гробишта во Арлингтон додека земјата го одбележува Денот на сеќавањето кој е посветен на оддавање почит на починатите војници.

Бајден, секретарот за одбрана Лојд Остин и началникот на Генералштабот, генералот Марк Мили ќе одржат говори на церемонијата на гробиштата кои се наоѓаат веднаш до Вашингтон.

„Мора да ја запаметиме цената која ја плативме за нашите слободи“ рече Бајден во неделата пред група ветерани и членови на семејствата на загинати војници. „Мора да запаметиме дека имаме долг кон починатите и нивните семејства. Моето срце е преполовено од тага“ додаде Бајден.

За прв пат одбележан во 1868-та, три години по крајот на Американската граѓанска војна, Денот на сеќавањето, тогаш наречен Ден на украсувањето, не е посветен на конкретна битка или дури ни војна, наместо тоа има за цел да ги поттикне граѓаните да се сетат на жртвите на паднатите кои се погребани во нивните градови и да им оддадат почит на починатите во војните со украсување на нивните гробови со цвеќиња и панделки.

XS
SM
MD
LG