Линкови за пристапност

Трета успешна трансплантација – пресаденото срце чука во градите на 39 годишна жена


Утрово успешно беше извршена траснплантација на срце кај пациентка која со години чекаше донор. Следните 48 се критични. Идентитетот на донорот овој пат ќе остане тајна а тој ќе спаси три живота. Во тек се и трансплантациите на бубрези кај двајца пациенти кои долго време беа на дијализа

СКОПЈЕ – Пет часа траеше тешката операција со што успешно беше извршена третата трансплантација на срце во Северна Македонија. Операцијата почна во 6.33 часот кога тимот кардиохурурзи, медицински техничари и анестезиолози влеше во хируршката сала а трансплатацијата беше завршена нешто по 12 часот.

Срцето продолжи да чука во градите на 39 годишната жена чија здравствена состојба сеуште е неизвесна а следните 48 часа се критични.

Според официјалните информации станува збор за пациентка со вродена срцева мана, врз која во минатото биле извршени неколку хируршки интервенции. Сепак нејзината состојба продолжувала да се влошува и затоа била ставена на листата за трансплантација и со години чекала донор.

Кој е донорот на органите овој пат нема да се дознае бидејќи семејството побарало од здравствените власти да не ја открива таа информација во јавноста.

„Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност“, соопштија од министерството за здравство.

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрезите од починатиот донор кај двајца пациенти кои подолго време се на дијализа.

Првата трансплантација на срце во земјава се случи во мај минатата година. Срцето на трагично починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53-годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Во јули минатата година, семејството на државниот правобранител Борче Пинов од Велес ги донираше неговите бубрези и спасија два животи но за жал за неговот срце немаше соодветен примател.

Во април годинава, беше изведена втората трансплантација на срце. Донор беше младата Верица Белчовска која го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Струмица. Нејзиното срце продолжи да чука во градите на 22 годишниот Иле Стрезовски.

Тука не застана чинот на хуманост и алтруизам на семејството Белчовски и ги донираа бубрезите на Верица кои ги спасија животите на 27 односно 40 годишен пациент како и коскената срж.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG