Задолжителното носење на заштитни маски на отворен простор да се укине од 1 јуни, предложи Комисијата за заразни болести до Владата по состанокот одржан утринава. Повеќе од извесно е дека Владата ќе ја прифати оваа одлука на следната седница која ќе се одржи најдоцна до понеделник.
Анализата на изминатиот период покаува дека пандемијата стивнува, бројките на новозаболени и хоспитализирани се во константен пад и речиси сите модуларни болници и ковид центри на клиниките во Скопје и во внатрешноста се затворени.
„Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи“, соопшти министерот Венко Филипче.
Сепак маските остануваат задолжителни во затворен простор, јавен превоз и пазарите.
Од 1 јуни ќе се дозвои групирање на отворен простор но само во тој случај останува на сила одлуката за задолѓитено носење на маски.
По една и пол година се дозволува организирање на свадби и веселби. Протоколот налага максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел односно не повеќе од 100 гости и дистанца меѓу масите на кои сега ќе моѓат да седат и до пест гости. Истото правило ќе ваѓи и за кафулињата и рестораните каде исто така максималната бројка на гости на една маса се зголемува на шест лица.
Публиката се враќа на спортските натпревари кои се играат на отворени терени а на стадионите максималната исполнетост ќе биде 30% од капацитетот.
Во наредниот период ќе се изготви и протоколот за одржување на концерти на отворено а според најавите дозволата ќе ваѓи од 15 јуни.
„Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките“, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Дневните бројки на новозаболени веќе десетина дена се двоцифрени, за жал како и оние на починатите, а според последните официјални информации на министерството за здравство мзаклучно со вчера хоспитализирани се 249 пациенти.
Од почетокот на едпидемијата битката со вирусот ја загубија 5.369 лица а како актвини се водат 2.499 случаи.
Facebook Forum