Линкови за пристапност

Дискреционите овластувања - голем проблем при вработување во државната администрација


Именувањето на политичари на раководни функции е ризик, препораките делумно се имплементираат а процедурите при вработување на јавниот сектор сеуште се подложни на клиентелизам, кронизам и непотизам

СКОПЈЕ - Половина од препораките од Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во државната администрација се делумно имплементирани а 43 отсто воопшто не се имплементирани, покажа мониторингот кој денеска го презентираа „Транспаренси интеренешенел“ и Антикорупциската комисија.

„Проблемот со дискреционите овластувања во постапките за вработувања на работните места и влијанијата кои што се нотирани во оваа област претставуваат најголем проблем со кој што се загрозува довербата во државните институци“ изјави Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнал – Македонија.

Највисоко ниво на почеток на спроведување е застапено во првата група која се однесува на Препораки за постапки на пополнување на работни места, преку постапка на вработување, постапка за унапредување и мобилност на вработените во јавниот сектор каде што 71% од препораките се делумно спроведени, 29% не спроведени.

Во втората и третата група кои се однесуваат на стручност и компетентност на кадрите во јавната администрација и препораки за избор и именување на Директори и членови на управни и надзорни одброи делумно започнало спроведувањето на половина од препораките. Додека, во четвртата група која се однесува на контролните механизми има делумна спроведеност од 31 процент и неспроведеност од 69 проценти.

„Од анализата на податоците се забележува некое зголемување на активнстите и мерките кои што ги преземаат институциите во однос на спроведување на препораките, конкретно во вториот квартал на мониторинг иако процентуалниот износ покажува многу ниско ниво на разлика во однос на исполнување на препораките во првиот квартал. Во иднина треба да бидеме внимателни и кон делумно спроведените препораки бидејќи тие се добра алатка да се замати дека „нешто се прави", а ефектите ќе ги почекаме“, рече Билјана Ивановска, претседатл на Антикорупциската комисија.


Таа додаде дека во процесот на мониторингот нема координарност помеѓу институциите околуобезбедување на податоците и не е утврдено до која институција се доставуваат метеријалите кои се однесуваат на спроведувањето на препораките а Националната платформа за интероперабилност во која се вклучени 32 институции не се користи ефикасно па затоа потадоците се собирале од веб страните на институциите или директно преку прашалници.

„ Во однос на преземање на мерки кои се предложени во препораките, а кои се однесуваат на потребата од донесување на нови или измена и дополнување на постоечките законски решенија пред се Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за јавни претпријатија, Законот за установи, Закон за плати на вработените во јавниот сектор може да констатираме дека истите сеуште не се донесени, но не се објавени ниту на ЕНЕР. Сепак, од информациите што ги добивме од МИОА се укажува на тоа дека се работи на овие закони, како и на Законот за високи раководни службеници, за кои се планира да бидат донеси во пакет, од причини што тие се меѓусебно поврзани“, стои во изјвештајот.

Именувањето на политичари на високо раководни места понатаму доведува и до политички влијание во постапките за вработување со тоа што оваа постапка развива незадоволство.

„Со професионализацијата на менаџерските позиции ќе се оневозможи пренесување на политички влијанија од функционерите на администрацијата и останатите вработени во јавниот сектор. Фокусот треба да биде ставен на детектирање на можна злоупотреба на службена, политичка или друга положба заради помагање на членови на семејството, роднини, пријатели, соработници и познаници заради остварување на корист или стекнување со положба или нивно поставување на влијателни функции без оглед на нивните компетенции, класификации и со занемарување на поставените критериуми“, изјави Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација (МИОА).

Генералната оценка на овој тримесечен мониторинг е декапостои зголемено ниво на преземени активности и мерки од страна на институциите, но, сепак постои ниско ниво на целосно спроведување на препораките.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG