Линкови за пристапност

Пендаровски по пристигнувањето на Радев: Потребно е да направиме обнова на довербата


Бугарскиот државен авион слета во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

По овие оптимистички пораки двајцата претседатели заминаа за Рим – патување од кое, и покрај внимателноста на Пендаровски, очекувањата се големи

Бугарскиот државен авион слета во Скопје – го донесе претседателот Радев и пораката од Софија дека двете земји треба да го обноват дијалогот.

„Да кажам дека заедничкото патување и оддавањето на почит на Свети Кирил и Методиј е одлична можност за обновување на дијалогот, на највисоко ниво, меѓу нашите две земји и да ја изразиме волјата за развој на нашите односи во духот на соработката, пријателството и добрососедството“, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Пендаровски и Радев кусо разговараа на скопскиот аеродром – најавија дека повеќе време за темите кои ги оптоварауваат односите ќе имаат во Рим каде заеднички ќе одадат почит на Свети Кирил и Методиј. Македонскиот претседател се надева дека овие средби ќе помогнат за проблематичните прашања, од кои зависи деблокадата на евроинтеграциите, да бидат надминати.

„Ќе поразговараме и за актуелните прашања кои се во рамка на билатералните односи. Ова беше само куса средба, воведен разговор, ќе имаме прилики за разговор и во Рим. Нема никаков исход од овој разговор зашто беше едно пријателско пиење кафе и разговор за тоа што се случуваше изминатите 2-3 дена во Брисел. Знаете дека оперативно разговорите ги водат владите, така ќе биде и понатаму, се разбира ние сме овде, ако можеме, да ја релаксираме атмосфера и на поинаков јазик да зборуваме за овој проблем што постои во изминатата една година. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели за најтешките прашања кои сега не разделуваат, а се надевам дека наскоро ќе не зближуваат“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

По овие оптимистички пораки двајцата претседатели заминаа за Рим – патување од кое, и покрај внимателноста на Пендаровски, очекувањата се големи, ако ништо друго барем за продолжување на процесот што минатата седмица го почна португалското претседателство со Советот на ЕУ. Дел од влијателните членки на Унијата се вклучени во посредничката мисија која се обидува да го откочи ЕУ-процесот на земјава заклучно со крајот на јуни.

И, стратешкиот партнер – САД се надеваат на успех. „Гледаме позитивно придвижување напред и сме задоволни од тековните разговори меѓу Бугарија и Северна Македонија за напредок во пристапувањето кон ЕУ“ – напиша американската амбасадорка Брнз по средбата со премиерот Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG