Линкови за пристапност

Низа проблеми и предизвици за македонските локални медиуми


Низа проблеми и предизвици за македонските локални медиуми
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Локалните и регионални медиуми живеат тешка една година, предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Велат тешко сврзуваат крај со крај и оти не можат да планираат како и што понатаму. Од Здружението на локални и регионални медиуми, велат дека нема да можат да истраат уште многу долго во вакви услови.

„Ова што ние го создаваме во овие услови, мислам дека е за голема пофалба, посебно за медиумските работници, луѓето кои се директно во огинот, пренесувајќи ја информацијата до својата јавност“ изјави Димитар Мицев, менаџер во ТВ ВИС - Струмица.

Тешка една година поминуваат локалните и регионални медиуми во Северна Македонија. Финансиската состојба во која се наоѓаат подолго време, велат уште потешка ја прави и пандемијата со Ковид-19.

„Ги немаме можностите да планираме за во иднина. Намален е и планот за нови инвестиции, нови вработувања, нови продукции, нови производи, нови клиенти. Доколку ова вака продолжи, тешко било кој медиум, дали на национално, дали на регионално или локално ниво, може да истрае уште многу долго“ изјави Димитар Мицев, менаџер во ТВ ВИС - Струмица.

И од регионалната телевизија Тера од Битола, велат дека тешко се справуваат со предизвикот, кој со себе го носи пандемијата.

Она што ја ублажува целата ситуација сметаат дека е помошта од државата за плати на вработените и ослободувањето од плаќање на концесија кон Агенцијата за медиуми, но оти тешко се опстојувало.

„Заради тоа што во изминатата година голем дел од дејностите или се затворија или работат на работ на рентабилноста, речиси, рекламите и да ги нема, кога зборувам за нашиот медиум, а тие ни беа единствениот извор на средства“ изјави Стево Башуровски, главен и одговорен уредник на ТВ Тера.

Но Мицев кој е претседател и на здружението на локални и регионални медиуми „Медиум објектив“, вели дека им се потребни свежи финансии.

„Не во смисла на директни профити, туку во смисла на нова техника, нови алатки на комуникација, подобрување на начинот на движење, заштитна опрема. Во услови какви што се сега и во какви што работиме, сметаме дека сепак ќе има голем застој во технолошкиот напредок на било кој медиум“ изјави Димитар Мицев, менаџер во ТВ ВИС – Струмица.

Дополнителен предизвик во овој период е и справувањето со лажните вести но и говорот на омраза на социјалните медиуми.

„Со јакнење на капацитетите и поголемата стабилност на телевизиите, радијата и печатот, каде работат професионални новинари, само така ќе се спротивставиме со лажните вести и дезинформациите. И мислам дека ова е шанса која треба да се искористи, бидејќи сега довербата кај јавноста, кон традиционалните медиуми е многу поголема“ изјави Стево Башуровски, главен и одговорен уредник на ТВ Тера.

Од Здружението на новинари на Македонија, велат дека се свесни за економската состојба во која се наоѓаат овие медиуми и оти се обидуваат заеднички да изнајдат модели како тие да бидат подржани во својата работа.

XS
SM
MD
LG