Линкови за пристапност

Интензивирање на македонско-кинеските односи


Интензивирање на македонско-кинеските односи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Чекајќи на старт на преговори со ЕУ, кое за сега оди тешко, поради бугарското вето, македонските власти ги интензивираат пријателските односи со официјален Пекинг. Затоа говорат и последните средби, на високо ниво меѓу двете држави, за релативно кратко време.

Откако на крајот на април, пристигнаа првите 200000 кинески вакцини за Ковид 19, со кои започна масовната имунизација во земјава, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

„Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи“ вели Џанг Ѕуо, Амбасадор на НР Кина.

Претходно кинескиот амбасадор изјави дека ова не само што претставува нова пресвртница на солидарноста меѓу двете земји, туку и ново поглавје во пријателските односи меѓу двата народа.

За експертската јавност, Кина па и Русија сакаат да го искористат фактот што нивните вакцини се побрзо достапни од оние на Евроатланските сојузници.

„Самото тоа им овозможува многу подобро позиционирање, углед и влијание. Наклонетоста на луѓето кон Кина, после ова ќе се зголеми, а исто така се случува и нешто што се нарекува криза на легитимитетот на демократскиот систем на владеење, кој се покажа како помалку ефикасен во менаџирање со оваа здравствена криза, во споредба со кинескиот хибриден систем“ изјави Марко Трошановски, Институтот за демократија.

Трошановски вели дека потфрлањето на механизмот на ОН, како и солидарниот фонд на ЕУ во однос на Западен Балкан, го користи Кина.

„И тука вакуумот на сомнеж и изгубена доверба, го потполнува Кина со својата навремена интервенција. На неколку полиња досега ЕУ кон Македонија, особено во делот на проширување значително потфрли и кредибилитетот е сериозно нарушен. Ова може само дополнително да го влоши истиот“ вели Марко Трошановски, Институтот за демократија.

На крајот на април, премиерот Заев, се сретна и со министерот за одбрана на Кина, генерал Веи Фенгхе. Заев како што велат од владата рекол дека двете земји ги исполнуваат своите обврски од Договорот за соработка во сферата на одбраната, особено во делот на военото образование и обуки.

Додаваат дека, премиерот изразил надеж дека набргу ќе ги завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се интензивира соработката во туризмот, но и ќе се помогне да се оствари амбицијата на двете земји, трговската размена идната година да ја достигне вредноста од 1 милијарда американски долари, која во 2020 година достигна 763 милиони долари.

Министерот за одбрана на Кина го пренел задоволството на Владата на неговата земја од остварувањето на позитивните трендови во економијата ,а кои произлегувале од консензуалниот договор меѓу Северна Македонија и НР Кина за унапредување на релациите меѓу стопанските субјекти на двете земји.

XS
SM
MD
LG