Линкови за пристапност

Филипче и Битиќи нови потпретседатели, Сања Лукаревска нов заменик претседател на СДСМ


Љупчо Николовски е реизбран за генерален секретар на партијата. Министерот за правда Бојан Маричиќ останува секретар за меѓународна соработка а нов организиационен секретар е Мартин Попов

СКОПЈЕ - Оливер Спасовски и Мила Царовска, очекувано, остануваат потпретседатели на владечката СДСМ. На денешнито 26 конгрес, кој ради пандемијата со коронавирусот се одржа дигитално, имае неколк промени во најтесното раководство на партијата како и во Централнито и Извршниот одбор.

Министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи се новите потпретседатели на партијата кои доаѓаат на местата на Мухамед Зеќири и Коста Петров кои пак ротираат во Извршниот односно Централниот одбор.

По речиси триесет години високи партиски функции се повлече министерката за одбрана и заменик претседател на партијата Радмила Шеќеринска а на нејзинот место со 682 гласа „за“ е избрана директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Изненадувања има во Извршниот одбор на партијата каде има многу нови имиња, како Милена Стефановиќ директор на Инфективната Клиника, Софија Пејкова директор на Клиниката за пастична хирургија и Адријана Будимир. Во ИОчленуваат и Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Костадин Костадинов, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска и Васко Ковачевски.

„Новиот состав на Централниот одбор на СДСМ е доказ дека партијата продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена “, соопшти премиерот Зоран Заев.

Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ се воздржаа од коментари околу конгресот на СДСМ и изборот на раководството во партијата. Тоа е внатрепартиска работа - е ставот на најголемата опоизицкса партија од македонскиот политички блок.

„Не очекувам дека ќе има некоја нова идеја која што ќе ја извади Македонија од оваа здравствена и економска криза за жал во која што се наоѓа ниту очекувам дека некои вонредно чесни кадри ќе има како нови решенија во СДСМ напротив очекувам да Зоран Заев се капсулизира односно да си постави свои послушници околу себе, сум кажал и претходно ќе повторам и денес мислам дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со СДСМ ниту е работа на СДСМ да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ како што се обидуваше тоа да го прави во изминатиот временски период видовме дека не успаа и нема да успеваат и понатаму во иднината фигуративно кажано сега мечката игра во нивниот двор имено се говори за независни листи од страна на незадоволни членови од СДСМ како и за формирање на нова политичка партија но тоа е работа на членовите на СДСМ нека си го решаваат тој проблем помеѓу себе “, изјави АлександарНиколоски, потпрестедател на ВМРО - ДПМНЕ.

Од партијата додадоа дека станува збор за стари кадри кои имаат врски со минатото и кои немаат што ново да понудат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG