И покрај повторното ставање во функција многу делови од земјата се уште се соочуваат со проблеми со снабдувањето.
Според сервисот за следење на цените на горивата GasBuddy.com, 88% од бензинските станици во Вашингтон немале гориво во петокот. Во соседна Вирџинија, околу половина биле без гориво, додека во Мериленд 42%.
„Колонијалниот нафтовод“ во четвртокот соопшти дека „има значителен напредок кон безбедното враќање во функција на системот и дека доставата започна во најголем дел од пазарите“.
Група наречена „Темна страна“, за која се верува дека оперира од Источна Европа, е обвинета за нападот кој предизвика недостиг на гориво и панично купување во многу сојузни држави.
„Колонијалниот нафтовод“ на хакерите им плати речиси 5 милиони долари во криптовалути за тие да ги ослободат податоците на компанијата, пренесоа Блумберг и Њујорк Тајмс.