Линкови за пристапност

„Одлучен удар 21“ – почнува воената вежба на Алијансата на полигонот Криволак


1.500 војници од Македонија, САД, Бугарија и Грција ќе учествуваат во воената вежба на Криволак. Вториот пешадиски батаљон на АРМ за прв пат учествува во вежба на НАТО. Сценариото е одбрана од агресија и контраофанзива. Криволак модернизиран и подготвен за регионален тренинг центар на НАТО

СКОПЈЕ – Воена агресија врз држава членка на Алијансата. Почнуваат одбрамбените операции, регеупирање на единиците, запирање на офианзивата на непријателот и контраофанзив во која копнените и воздушните сили ќе содејствуваат со специјалните единици на терен. Вака изгледа сценариото на вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се изведе на армискиот полигон Криволак и почнува идната недела. „Одлучен удар 21“ е најголемата воена вежба која ќе се одржи оваа година во Северна Македонија и во неа учествуваат 1.500 војници. Најголем дел од нив - 1.100 се припадници на АРМ, 300 вокјници се од Нционална гарда на Флорида и по дваесет припадници на специјалните единици на Грција и Бугарија. За прв пат во вежба на НАТО ќе учествува вториот пешадиски батаљон на АРМ со што и тој ќе може да учествува во евентуалните мировни или воени операции на Алијансата.

„Оваа вежба е одлична можност за јакнење на нашата интероперабилност и зголемување на борбената готовност на единиците кои учествуваат во вежбата. Секако како нова членка во НАТО и армија која е во процес на трансформација, ова ќе биде потврда за нашите напори“, изјави полковник Блаже Николовски, директор на воената вежба

„Одлучен удар21“ се изведува во рамките на досега најголема и најмасовна воена вежба која ја изведува НАТО алијансата „Europe Defender 21“ во која учествуваат 28 илјади војници од 27 држави членки на Алијансата. Вежбовни операции ќе се изведуваат на 30 различни полигони во 12 држави на Балканот, Јужна Европа и Црното Море

Покрај тристате припадници на националната гарда на Флорида во кампот „Стрела“ на Криволак ќе бидат и припадниците на 4 бригада за асистенција стационирана во Германија а тим од 12 асистенти ќе останат и по завршувањето на вежбата на почетокот на идниот месец

„Копнената Армија на САД за Европа и Африка има намера да ја подигне стратешката готовност преку увежбување на војската на САД, брзо да распоредува големи робусни воени сили и опрема во Европа и во исто време со нашите партнери да одговорме на потенцијални кризи. Вежбата е пример како Северна Македонија е подготвена да работи со САД и другите НАТО сојузници за да ги адресира идените закани и да покаже како Северна Македонија веќе придонесува во Алијансата и во регионлните обуки и вежби“, изјави полковник Питер Рауел, одбранбено аташе на САД

А армискиот полигон Криволак претрпе драстична измена во изгледот со голем број на надградби во последните две години. Нови стрелишта со фиксни и подвижни мети, писта за беспилотни летала, магацини и 60 километри партишта во и за пристап до полигонот се само дел од Модернизиран и опремен треба да стеане регионален центар за обука на силите на НАТО.

„Нашите амбициозни планови за Криволак се покажа дека биле оправдани и реални. Денеска можете да видите дека полигонот Криволак навистина прераснува не само во национален и регионален, туку и вистински НАТО капацитет. За оваа вежба да се спроведува во ваков обем, со ваква големина, со вакви карактеристики, помогнаа претходно инженерските сили на Армијата на САД и на Северна Македонија и навистина во Криволак направија огромна градежна офанзива “, рече Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.

На армискиот полигон Криволак ќе се мери и загадувањето врз воздухот и почвата. Тим од професори и експерти од Универзитот воп Штип поставија специјализирани апарати и мерни станици кои треба да ги анализираат загадувањата и влијанијата врз околината пригаѓањата со боева муниција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG