Линкови за пристапност

Американската економија закрепнува од корона вирусот


Бројот на нови барања за помош при невработеност беа повторно намалени минатата недела, соопшти американскиот Оддел за труд. Најголемата економија на светот продолжува да закрепнува од ефектите на пандемијата.

Вкупно 473 илјади луѓе побарале надоместок при невработеност, што е за 34 илјади помалку од минатата недела. Оваа бројка е најмала од средината на март 2020-та кога пандемијата за прв пат ја погоди земјата. Сепак, е двојно повеќе од неделниот просек од 2019-та, кој изнесувал 218 илјади луѓе.

Повеќе од 45% од возрасните Американци досега се целосно вакцинирани. Ова го поттикнува економското закрепнување.

Се повеќе Американци се социјализираат, излегуваат во ресторани, патуваат и трошат пари на производи за широка потрошувачка кои престанале да ги купуваат за време на пандемијата.

Трошењето е делумно поттикнато и од владината парична поддршка која ја добија сите, освен оние со највисоки примања.

Џо Бајден предложи дополнителни 4 трилиони долари на владино трошење во инфраструктурата и во поддршката на децата и семејствата, но е неизвесно дали ќе помине во политички поделениот Конгрес.

XS
SM
MD
LG