Линкови за пристапност

Демонстрации во Чикаго за запирање на израелските напади врз Газа


Многумина од демонстрантите доаѓаат во квартот Бриџвју, каде живее една од најголемите палестински заедници во Чикаго.

Стотици демонстранти маршираа по главниот кварт за бизнис во Чикаго против Израел и побараа ставање крај на израелските напади врз Палестинците во појасот Газа при што загинаа десетици лица, јави Ројтерс.

Демонстрациите се случуваат во време кога Израел продолжува со воената офанзива при што се убиени најмалку 10 команданти на Хамас, и уништените се нивните живеалишта во Газа. Исламската милитантна група продолжува со нападите со стотици ракети врз израелските градови.

Многумина од демонстрантите доаѓаат во квартот Бриџвју, каде живее една од најголемите палестински заедници во Чикаго.

„Тешко е да се гледа на вести што се случува со нашите семејства и пријатели таму“, изјави претседавачот со Американско-палестинската мрежа Хатим Абдула за НБЦ-Чикаго.

Кардиналот на Чикаго Блејз Купич, издаде соопштение во кое повика на „молитва за мир“ меѓу двете страни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG