Линкови за пристапност

ЕУ ќе воведе „вакцинални пасоши“?!


Додека стапката на нови инфекции започна да опаѓа во Европската Унија, на министерски состанок во Брисел државите – членки се обидуваат да постигнат согласност за „зелен сертификат“ односно за дозвола за патување која би им олеснила на целосно вакцинираните туристи да патуваат низ континентот за време на претстојната летна туристичка сезона.

Европската Комисија предложи ваков план на почетокот на годинава кој треба да наликува на таканаречената „зелена пропусница“ која ја издава Израел и со која вакцинираните може да присуствуваат на одредени настани или да посетат одредени институции.

Предлогот на Комисијата е жителите на ЕУ кои ќе докажат дека се вакцинирани, како и оние кои ќе добијат негативен тест за корона вирусот или кои имаат доказ дека закрепнале од инфекцијата, да можат слободно да патуваат.

Европскиот Парламент сака да овозможи сертификати со кои лесно би се патувало без земјите – членки да можат да воведуваат дополнителни рестрикции како карантини, тестови или мерки за самоизолација. Но, граничната контрола е суверено право на земјите – членки, па пред иницијативата се поставени пречки.

Европската Комисија предвидува дека до крајот на летото ќе биде вакцинирано околу 70% од населението на ЕУ.

Европскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека заклучно со денеска речиси 32% од возрасните жители на ЕУ добиле барем една доза од вакцините.

XS
SM
MD
LG