Линкови за пристапност

Сонда на НАСА ќе донесе примероци од астероид


Сонда на американската вселенска агенција НАСА треба подоцна во текот на денот да ја напушти орбитата на астероидот Бену и да го започне двегодишното патување назад до Земјата носејќи со себе примероци од површината на астероидот.

Сондата наречена OSIRIS-Rex треба да ги држи трастерите вклучени седум минути со што ќе се одвои од орбитата околу астероидот и ќе се насочи кон нашата планета.

OSIRIS-REx стигна до астероидот во 2018-та, а во октомври минатата година се спушти на површината и избуши речиси 50 сантиметри под површината за да собере примероци.

НАСА смета дека има околу 60 грама материја од астеродиот која ќе биде донесена на Земјата.

Според НАСА денешниот маневар е најзначаен откако сондата пристигна на Бену пред три години.

Од вселенската агенција објаснуваат дека нема директна траекторија до Земјата односно дека сондата мора да отпатува каде што земјата ќе биде во иднина. Сондата два пати ќе орбитира околу Сонцето и ќе мине 2.3 милијарди километри пред да пристигне овде.

XS
SM
MD
LG