Линкови за пристапност

Мерките се олабавуваат, за концерти и свадби се уште е рано


Епидемиолошката состојба е стабилна, вчера регистрирани само 25 новозаболени. Полицискиот час пократок, се отвараат фитнес центрите но задолжителното носење маски останува. Клиниките се враќаат во нормала, нови количини на вакцини пристигаат а досега се вакцинирани над 107 илјади граѓани

СКОПЈЕ – Олабавување на рестиктивните мерки предложи утрово Комисијата а заразни болести по анализата на бројките на новозаболени и хоспитализирани минатата недела. Епидемилошката состојба е стабилан и се подобрува заклучија членовите и предложија до Владата, полицискиот час да почнува на полноќ и да трае до 5 часот наутро а угостителите да работат до 23.30 часот. Фитнес центрите се отвараат, а групите на дечиња во градинка се зголемуѕваат од 15 на 20. На затворено и отворено ќе може да се одржуваат состаноци, едукации и културни настани но со исполнетост до 30 отсто од капацитетот и со задолжително носење на маски. На спортските натпревари ќе може да присуствуваат и официјални лица но не и публика а свадби и концерти сега за сега нема да има.

Прв пат по речиси една година здравствените работници можат да здвинат и да земат одмор.

Министрот за здравство Венко Филипче појасни дека разлабавувањето се должи на стабилната состојба и на фактот што притисокот врз здравствениот систем попушта. Неколку клиники се враќаат во функција а повеќе од половина од капацитетите во болниците во внатрешноста се слободни. Според последните информации од министрството за здравство во моментов се хоспитализирани 748 пациенти.

„Трендовите на намалување на новозаразени продолжува. Овој тренд на намалување не беше случај меѓу двата брана кога се задржи едно плато. Имаме значајно испразени болнички капацитети. Хруршките одделенија, сите освен еден дел од Ургентен се вратени во функција. Заводот за рехабилитација е целосно испразнет од пациенти заболени од Ковид и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле, и на дел од одделенијата во зградата за Интерни клиники. Клиниките за Оториноларингологија и Офталмологија исто се враќаат во функција до крајот на неделата. Повеќе од половина од капацитетите на болниците во внатрешноста се слободни и се враќаат во нормална работа и останатите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите“, објасни министерот Филипче.

Микробилогот Никола Пановски смета дека олабавувањето на мерките не е избрзано и дека здравствената состојба е стабилна.

„По она што го преживеавме ова е добра состојба и оди на подобро. Оптимист сум. Мислам дека разлабавувањето на мерките не се избрзани. Ги споредувам со мерките кои не се донесоа наесен или задоцнето при овој трети бран. Според бројот на случаи, економската состојба во државата, психолошкиот апсект кај граѓаните, сметам дека нема логика и понатаму да се продолжуваат мерките. Граѓаните треба да ги почитуваат мерките и се што прват да прават со отворени прозорци а надлежните да ги растеруваат грушите граѓани, пред се млади“, вели доктор Пановски.

Денеска процентот на позитивни тестирања беше 2 отсто. Прва пат по повеќе од една година. Регистрирани само 25 новозаболени а починаа 14 пациенти.


Министерот Филипче соопшти дека се пристигнати 10 илјади дози од вакцината „Фајзер“ а до 15 мај треба да пристигне нова пратка од 100 илјади дози вакцини од Кина. Вакцинацијата продолжува со темпо од над 10 илјади вакцинирани на ден а неделава се отвара регионалнито вакцинален пункт во Струмица. Досега околу 30 отсто од граѓаните над 70 години се вакцинирани па затоа во наредниот период при закажувањето на термините тие ќе имаат предност.

Досега се вакцинирани над 107 илјади граѓани а речиси 300 илјади се пријавиле за вакцинација.

„Сите граѓани кои се пријавиле на „вакцинација.мк“ заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат. Во однос на процесот на вакцинација, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 се граѓани коишто се и ревакцинирани. Со оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден, во сите пунктови низ државата продолжува и во текот на оваа недела“, рече Филипче и додаде дека е можно да се постигне колективна имунизација до крајот на летотот.

Доктор Пановски пак е на ставот дека тоа ниту математички не може да се постигне бидејќи главната вакцина во Северна Македонија е кинеската на која и се потребни два месеци за да постигне имунитет кај лицето кое ја примило.

„Колективна имунизација до крајот на летото не може да има ниту математички. На крајот на летото бројката на починати ќе биде под пет на дневна основа. Масовната вакцинација почна и не очекувам некое изненадување како што беше овој мартовски и априлски бран. Летото ќе биде поприлично мирно. Ако не во септември, тогаш во октомври ќе може да се отворат училиштата и фалкултетите и да имаме мал бран во есен и зима која лесно ќе се издржи“, рече Пановски.

Македонците вакцинирани во Србија со вакцините на „Фајзер“ или „Синофарм“ ќе може да се вакцинираат дома но мора да се пријават кај својот матичен лекар. За оние коишто се вакцинираа со „Астра Зенека“, здравствените власти не го менуваат ставот и ќе мора да се ревакцинираат во Србија.

Едно од прашањата кои останаат отворени а за кои министерот Филипче и доктор Пановски имаат спротивставени ставои е задолжителното носење на маски на отворено. За Пановски тоа веќе не е потребно особено што температурите се високи а министерот пак најави дека дури по две недели за ова ќе се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG