Линкови за пристапност

Јужна Кореја се заложи за повторно отпочнување дијалог со Северна Кореја


Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин вети дека ќе ја помине последната година на функцијата обидувајќи се конечно да воспостави траен мир на Корејскиот полуостров.

Во говор пренесуван на националната телевизија во понеделникот од Сеул, претседателот Мун рече дека последната година од неговиот единствен петгодишен мандат може да биде „последната можност да се премине кон целосен мир“.

Мун даде поддршка зад „флексибилниот, постепен и практичен“ дипломатски пристап на американскиот претседател Џо Бајден во постигнување на денуклеаризација на полуостровот.

Јужнокорејскиот лидер рече дека неговите цели за претстојниот самит со Бајден на 21 мај во Вашингтон ќе бидат „враќање на дијалогот меѓу двете Кореи и САД и Северна Кореја“.

Претседателот Мун се залагаше за поголем ангажман меѓу Сеул и Пјонгјанг од неговото преземање на функцијата во 2017-та година.

Неговите политики доведоа до три историски самити меѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, како и два историски самити меѓу Ким и тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG