Линкови за пристапност

Борис Џонсон на пат кон историска победа на локалните избори во Обединетото Кралство


Владејачката Конзервативна партија на британскиот премиер Борис Џонсон е на пат кон историска изборна победа против главната опозициска партија, Лабуристите, освојувајќи гласови во традиционалните упоришта на Лабуристите во северниот дел на Англија откако 48 милиони Британци гласаа на локалните избори.

Првичните резултати укажуваат на слаб исход за Лабуристите кои ја загубија власта и во северниот град Хартлпул за прв пат во 57 години.

Изборните резултати може да имаат длабоки импликации за иднината на Обединетото Кралство, доколку шкотските националисти дојдат до мнозинство во шкотскиот делегиран парламент, но конечните резултати нема да бидат познати до недела. Лидерката на Шкотската националистичка партија, Никола Старџен, кажа дека голема победа би значела мандат за втор референдум за независност. Во 2014-та Шкотска ја отфрли независноста на тогашниот референдум.

Пандемијата со корона вирусот минатата година одложи дел од изборите за локалните власти, па оваа година гласањето е најголем тест за јавното мислење надвор од парламентарни избори по речиси половина век, велат аналитичарите.

Раните резултати покажуваат дека Конзервативците водат низ североисточниот и централниот дел на Англија кои важат за традиционално лабуристички територии.

На парламентарните избори во 2019-та конзервативците на Борис Џонсон остварија солиден успех, а резултатите од ова гласање укажуваат дека тој ќе се повтори.

XS
SM
MD
LG