Линкови за пристапност

Данска ја стопираше употребата на вакцината на Johnson & Johnson


Данска соопшти дека ќе престане да ја користи вакцината против Ковид-19 на Johnson & Johnson поради потенцијален ризик за ретка но сериозна појава на згрутчување на крвта.

Соединетите Држави накратко ја запреа употребата на оваа вакцина откако се појавија извештаи дека најмалку 15 жени помлади од 50 години развиле згрутчување на крвта. Американската Администрација за храна и лекови ја укина забраната минатата недела, но наложи вакцината да содржи предупредување за потенцијалниот ризик од згрутчување.

Но, данската Агенција за лекови соопшти дека употребата на вакцината на Johnson & Johnson претставува ризик за потенцијална појава на несакани ефекти во форма на згрутчување на крвта кај вакцинираните.

Агенцијата призна дека ова ќе го успори спроведувањето на вакцинацијата во земјата која исто така престана да ја користи и вакцината на АстраЗенека откако се појави извештаи за слични несакани ефекти.

XS
SM
MD
LG