Линкови за пристапност

Крах на здравствениот систем на Индија - над 300 илјади нови случаи на ден


Индија надмина 20 милиони потврдени случаи на Ковид-19. Само во вторникот беа регистрирани 357.229 нови случаи, 13-ти последователен ден со над 300 илјади заразени, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Вториот бран на пандемијата предизвика крах на здравствениот систем на земјата во која досега починаа над 222 илјади луѓе.

Наглиот пораст на заразени се должи на појавата на нови и позаразни варијанти на вирусот, како и на олабавувањето на рестрикциите кога се чинеше дека пандемијата е под контрола.

Кризата е продлабочена поради сериозниот недостаток на кислород кој е потребен за третирање на критично болните пациенти, како и поради недостатокот на сировини за производство на вакцини.

Иако Индија го има „Институтот за серуми на Индија“, најголемиот производител на вакцини во светот, само 2% од 1.3 милијарди жители се вакцинирани досега.

Одделот за одбрана на САД информираше дека се испратени два авиони со опрема за справување со Ковид-19, а дека за утре се планираат уште два авиони.

XS
SM
MD
LG