Линкови за пристапност

Бројките кончено паѓаат – 40 отсто помалку новозаболени минатата недела


Намален број на починати а паѓа и процентот на позитивни тестови, покажува неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)

СКОПЈЕ – Третиот бран на коронавирусот во Северна Македонија полека почнува да стивнува. По перидот на четирицифрени бројки на новозаболени и огромен број на смртни случаи на дневна база конечно стагнација и забележителен пад бројките.

Во периодот од 26 април до 2 мај, регистрирани се 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на недела претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 857 или41,5% а неделна инциденца во главниот град е – 138,8 заболени на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца од 211 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Виница.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (н=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (н=349; 16,8%), 40-49 (н=333; 16,0%), 30-39 (н=323; 15,6%) и 20-29 (н=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (н=33; 1,6%) и 10-19 години (н=85; 4,1%)“, стои во официјалниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Минатата недела битката со вирусот ја загубија 167 пациенти од 22 града низ државата што е за 20,9 отсто помалку споредено со неделата претходно. Најголем број од жртвите, 150 лица, се граѓани над 60 годишна возраст.

Направени се 14.975 тестирања а процентот на позитивни се движел од 9,6 до 17,7 отсто или во пеосек 13,1отсто што е за речиси пет проценти помалку споредено со периодто претходно.

Минатата недела како оздравени се водат 4.012 лица кои биле хоспитализирани или пак на домашно лекување.

Според официјалните податоци на министерството за здравство во моментов се хоспитализирани 1.068 апциенти а како активни се водат 13.915 случаи

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG