Индија денес регистрираше речиси 400.000 нови случаи на коронавирус, а медиумите известуваат дека вистинската бројка на заразени лица на дневна основа може да е најмалку петпати повисока од официјалната статистика.
Во Индија денес пристигна помош од САД, која, меѓудругото, вклучува кислород и брзи тестови за дијагностика.
Вториот бран на пандемијата во Индија го доведе здравствениот систем до колапс, капацитетот во болниците е целосно исполнет и има недостиг на кислород.
Многу паркови и паркинзи се претворени во крематориуми, каде ден и ноќ се палат телата на починатите.
Индиските јавни здравствени експерти велат дека ваквата ситуација е последица на новите мутации на коронавирусот, како и поради олеснувањето на рестриктивните мерки, откако на почетокот на годинава ситуацијата изгледаше како да е под контрола.
Само САД имаат повеќе слуачи на ковид-19 од Индија. Досега во државата се регистрирани над 32 милиони заразени, додека Индија има 18,3 милиони, според Универзитетот Џонс Хопкинс.
Facebook Forum