Линкови за пристапност

Испорачани 200 илјади вакцини на кинески „Синофарм’


Се засилува темпото на вакцинација на населението, се отвараат шест регионални центри за вакцинација кои се поставени во спортските сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола каде се очекува дневно да се вакцинираат 10 илјади граѓани Најавени дополнителни 600 илјади вакцини од Кина

СКОПЈЕ - 200 илајди дози вакцини од кинескиот производите „Синофарм“ утрово пристигнаа в Северна Македонија . Пратката вакцини, купена со директен договор меѓу Владатаи производителот ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина, Џан Ѕуо. Вакциниуте се складирани во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“ од каде во понеделник, по Велигденските празници, ќе бидат дистрибуирани во вакциналните пунктови и центри.

„Денеска пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот „Синофарм“ од Кина. Сакам да се заблагодарам за личниото ангажман на амбасадорот Ѕуо при набавката на вакцините“, рече министерот венко Филипче

Северна Македонија и Кина имаат одлични односи а оваа пратка вкацини е потврда за тоа, соопшти кинаскиот амбасадор кој додаде дека Кина ќе учествува и во економската санација на државата.

„Ова преставува нов темелник на солидарноста и ново поглавје во пријателските односи меѓеу двете држави. Соработкатаво вакцинација е битен чекор во спречување и контролирање на епидемијата. Кина ги прогласи вакцините како јавно добро, се приклучи на КОВАКС системоти во моментов снабдува над 100 држави и меѓунарни организации. Пристигање на вакцините во Северна Македонија е чекор и акција на Кина да го исполни ветувањето и должноста за доброто на човештвото. Кина во моентов е во процес на масовна вакцинација со над 200 милиони вакцинирани жители вакцинирани. Драго ми е што кинеските вакцини ќе помогнат при вакцинацијата на граѓаните во Северна Македонија. Кина ќе соработува и ќе ја засили сроаботката во борбата против епидемијата и економското закрепнување“, изјави амбасадорот Ѕуо.

Здравствените власти најавија дека по пристигањето на оваа пратка, ќе се засили темпото на вакцинација на населението и се отвараат шест нови регионални центри за вакцинација кои се поставени во спортските сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.

„Во градовите каде што спортска сала е предвидена за пункт за вакцинација, следната недела ќе работи и салата и здравствениот дом. Се одлучивме за места за масовна вакцинација бидејќи е полесен пристапот, пошироки влезови и излези има и паркинг. Доколку видиме дека може да се сконцентрира се на едно место тогаш ќе ги оставиме само пунктовите за масовна вакцинација. И граѓаните од градовите од околината ќе доаѓаат во центрите. Во Прилеп и Велес до крајот на месецот ќе се отворат пунктови за масовна вакцинација“, соопшти министерот Филипче.

Очекјувањата се дека над 10 илјади граѓани дневно ќе се вакцинираат од почетокот на идната недела. Филипче ги повика граѓаните да се пријавуват за вакцинација преку сајтот „вакцинација.мк“ и додаде дека нема да имаат можност да бираат со која вакцина да се вакцинираат.

„Со овие вакцини кои се веќе спакувани во шприцеви со игли и спремни за апликација бројката на граѓани кои ќе се вакцинираат дневно ќе биде меѓу 10 и 15 илјади. Акцент ќе се стави на граѓаните кои веќе се пријавиле и според возраста така ќе се врши вакцинацијата. Каква вакцина има во тие часови во пунктот треба да ја примат, без никаква грижа. Сите вакцини се безбедни“, рече Филипче.

До крајот на идниот месец во Северна Македонија треба да бидат испорачани 500 илјади дози од кинескиот производитеч „Синовак“, дополнителни 100 илјади дози на „Синофарм“ и уште 26 илјади дози од „Фајзер“а Филипче е оптимист дека до почетокот на летото ќе се смени сликата во државата и регионот.

За граѓаните кои се вакцинираа во Србија со вакцината на Астра Зенека, а се под 60 години, засега нема можност да се ревакциниураат со истата вакцина во Северна Македонија.

Според официјалните податоци досега се вакцинирани 56 илјади граѓани а во оваа бројка не се вклучени граѓаните кои се вакцинираа во Србија.

XS
SM
MD
LG