Американскиот центар за контрола на болести денес објави ажурирани упатства со препорака дека целосно вакцинираните лица во САД сега можат да престанат да носат маски на отворено, освен ако не се во голема група на луѓе.
Ажурираните упатства исто така велат дека луѓето кои не се вакцинирани можат да не носат маски кога се надвор сами или со членови на домаќинството или на мали надворешни собири со целосно вакцинирани лица.
Ажурираното упатство е дел од иницијативата на администрацијата на Бајден за внимателно враќање на земјата во некоја нормална состојба. Пандемијата уби речиси 573 илјади луѓе.
Упатствата се донесени откако повеќе од половина од возрасното население во САД примија барем една доза вакцина, а повеќе од една третина се целосно вакцинирани.
Facebook Forum