Линкови за пристапност

Најави за олабавување на рестриктивните мерки


Најави за олабавување на рестриктивните мерки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Намалувањето на притисокот врз здравствениот систем донесе најави за олабавување на рестриктивните мерки.

Да се отворат летните тераси на кафеаните, рестораните и кафилињата, полицискиот час наместо од 20 ќе почнува од 21 часот, а за време на претстојните празници – Велигден, 1 кон 2 мај, и Рамазан Бајрам, 12 кон 13 мај, полициски час ќе нема и граѓаните ќе може слободно да се движат. Тоа се одлуките од денешниот состанок на Координативниот штаб кои утре одат на потврдување пред владата.

„Сето ова е резултат на навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приемите во болниците, имајќи го предвид и тоа што сега се ослободуваат некои одделенија кои беа дополнително ангажирани со ковид-пациенти. Генерално, чувствуваме намален притисок, олабавување. Ги следиме трендовите и во околните држави. Овој трет бран спласнува и се надевам со забрзаната вакцинација по Велигден, ќе ја смени сликата за епидемиолошката состојба“ изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

За време на верските празници угостителските објектите ќе работат до 21 часот, а препораките за држење дистанца и собири во затворено остануваат на сила.

„Во пресрет на верските празници сакам да потенцирам дека тие ќе бидат во духот на почитување на овие мерки, бидејќи ослободувањето не е направено за да шетаме и да се собираме во групи, туку за да ни покаже дека сме слободни. Да одржуваме дистанца и да ги почитуваме мерките“ рече заменик – министерот за здравство, Илир Хасани.

Во болниците во земјава се лекуваат 1422 ковид-пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот период – слободни се повеќе од 500 кревети. Проценките на надлежните се дека на опаѓачките трендови влијае и процесот на имунизација кој, според досегашниот тек, добро се одвива – дојдена е нова тура „Спутник в“ дози за ревакцинација, а денеска се очекуваат 10.000 вакцини од „Фајзер“ за кои е одредена динамика – меѓу 4 и 7.000 дози секој понеделник. В петок во Белград треба да дојдат нарачаните 200.000 кинески вакцини кои потоа со камиони ќе се транспортираат во земјава. По велигденските празници ќе стартува вакцинирањето со нив.

XS
SM
MD
LG