Линкови за пристапност

Полициски час од 21 часот е предлогот на Комисијата за заразни болести


Полицискиот час би бил на сила до 15 мај, но не и за Велигден и Рамазан. Дали ќе се отворат летните тераси на угостителските објекти ќе пресече Владата на утрешната седница, Комисијата смета дека е безбедно

СКОПЈЕ - Полициски час кој би почнувал во 21 часот и би траел до 5 изутрина предлогот на членовите на Комисијата за заразни болести кои утрово имаа состанкот на кој ги анализираа бројките на новозаболените и хоспитализирани во изминативе неколку дена.

Полицискичот час би бил на сила до 15 мај и за тоа имало согласност во Комисијата но за тоа дали да се отворат летните тераси на угостителските објекти и до колку часот би работеле имало поделен и мислења, велат извори од Комисијата за Гласот на Америка.

Дел од членовите биле на ставот дека угостителите треба и мора да почнат да работат и истовремено да се засилат контролите на иснпекторатите за да се почитуваат протоколите. Тие го образложиле својот став со фактот дека вчера се одржа масовен протест во Скопје, спротивно на сите препораки, но и со покачувањето на температурите заради што се повеќе граѓани го минуваат врмето надвор.

Како опција било предложено за двата големи верски празници, Велгиден и Рамазан, воопшто да нема полициски час, за да се избегнат евентуални несакани ситуации. Меѓутоа за неколку членови во Комисијата ова било неприфатливо.

Сепак како заклучок е донесено угостителите да почнат со работа само со летните тераси и за верските празници Велигден и Рамазан да нема полициски час.

„Утре на седница на Влада, да се добие согласност за нашата препорака а тоа е да се отворат летните тераси во сите угостителски објекти и да се скрати полицискиот час. За верските празници Велгиден и Рамазан да нема полициски, час граѓаните слободно да се движат, а угостителите да биде до 20 часот односно 20.30 часот. Бранот секаде спласнува, бројките паѓаат, доаѓањето на кинеските вакцини и масовата вакцинација ќе ја смени сликата во држават“, изјави министерот Венко Филипче.

„Апелирам, во текот на овие празници сите да ги почитуваме мерките и да држиме дистанца“, изјави заменик министерот за здравство, др. Илир Хасани.

Повеќе од извесно е дека фитнес центрите и салите ќе останат затворени за посетители до 15 мај, но ќе се дозволи вежбање на отворено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG