Линкови за пристапност

Денес се очекува конечна препорака за вакцината Џонсон и Џонсон


Администрација за храна и лекови, препорача пауза за употреба на вакцината, „од изобилство на претпазливост“

Комитетот за имунизација на Центрите за контрола на болести на САД денес треба да ја разгледа можноста за укинување на паузата за употреба на вакцината Џонсон и Џонсон.

Паузата беше спроведена минатата недела по откривањето на шест случаи на редок и тежок вид на згрутчување на крвта кај луѓе кои ја примиле вакцината.

На 13-ти април, Центрите за контрола на болести, во заедничката изјава со американската Администрација за храна и лекови, препорача пауза за употреба на вакцината, „од изобилство на претпазливост“ и да им се даде можност на експертите да ги испитаат случаите на згрутчување на крвта и да видат доколку бидат пронајдени дополнителни случаи.

Претходно идентификуваните шест случаи на згрутчување на крвта - од седум милиони дози на испорачана вакцина - се случија кај жени на возраст од 18 до 48 години. Тие развиле симптоми, најчесто главоболки, 6 до 13 дена по вакцинирањето. Една жена од Вирџинија која ја примила вакцината, починала минатиот месец.

Советниците на Советодавниот комитет за практики на имунизација за Еј Би Си Њуз, изјавија дека се очекува конечна препорака за вакцината да биде донесена подоцна во текот на денешниот ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG