Линкови за пристапност

Македонските превозници се жртви на криумчарите со мигранти


Македонските превозници се жртви на криумчарите со мигранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Пролетта и затоплувањето на времето донесе раздвижување на мигрантите од Африка и Далечниот Исток, низ македонска територија, предупредуваат граѓанските активисти. Тоа сметаат од невладината организација Легис е резултат и на лошите услови во камповите во Грција. Но велат дека сепак не може да се очекува поголем бран како оној од 2015 година.

„Но секако голема е бројката, која ние не ја гледаме, а која поминува сама или со криумчари по пругите и автопатиштата, истото она сценарио од пред 2015 година, кое го имавме“ вели Јасмин Реџепи-невладина организација Легис.

Во моментот, најголемиот дел од нелегалниот транспорт на мигранти се одвива со помош на камионски превоз. На државите партнери од Југоисточна Европа, земјава неодамна им предложила заедничко справување со оваа појава. На тој начин значително ќе се намалат проблемите со миграцијата но и правните проблеми со кои македонските превозници се среќаваат секој ден.

„Да вметнат во законот задолжително носење на камера во предниот и задниот дел на багажниот простор, а деск топот да биде кај возачот. Во таква ситуација возачот во секое време приметува што се случува во багажниот простор. Целото дејствување и кај нас и во регионот мора да биде насочено на шверцерите на мигранти. Ако тие не постојат нема да може да се одвива во вака голем интензитет бројот на мигранти“, вели Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

Биле изработени и 10000 флаери кои биле поделени на граничните премини, со информација за камионџиите, како превентивно да делуваат за да не бидат злоупотребени од страна на криминални групи.

Криумчарите најчесто користат можност, кога превозниците

се наоѓаат на паркинг или пак кога преспиваат, да ги вметнат мигрантите во камионот. Во Хрватска казните достигнувале и до 4800 евра.

И покрај тоа што полицијата, ќе им дозволи после пронаоѓање на мигрантите да продолжат, хрватската царина ги казнува заради нарушување на царински простор, за кои воопшто не се виновни“ вели Биљана Муратовска, Генерален секретар на Асоцијација на превозници-Макам- транс.

Во Грција пак има други проблеми.

„Имаме притвори. Па месеци поминуваат за да тие формалности и истраги завршат, за да на крајот се установи дека возачот не е виновен. Покрај сите давачки, 2000 евра се плаќаат само да се дозволи да се претовари стоката“ вели Биљана Муратовска-Генерален секретар на Асоцијација на превозници-Макам- транс.

Муратовска вели дека честопати поради уништувањето на возилото и стоката, превозниците се соочуваат со огромни штети. Само во 2020 година, бројот на компании бил околу 70.

„Имавме еден случај со чипсови. И приемникот во Загреб целата роба ја уништи, затоа што влезени беа мигранти. Уништени беа задниот дел и неколку кутии. Но факт што биле во задниот простор, дишеле и други работи, бидејќи овие превози траат и по неколку дена, не сакаа да ја примат и така превозникот беше должен да ја надомести штетата“ вели Муратовска.

Во меѓувреме, Србија, гради 178 километри долга ограда, на границата со Северна Македонија. Поради тоа постои стравување дека дел од мигрантите во иднина би можеле да останат во земјава.

„Останува прашањето дали таквите лица би останале во Македонија или криумчарите би ги промениле рутите, преку соседните земји, пред се Албанија која има море. Но меѓутоа сите оние кои ќе останат во Северна Македонија, ќе претставуваат сериозна безбедносна закана и пред се социјална закана“ вели Пивоваров.

Пивоваров вели дека за да не дојде до ова, потребно е почитување на прашањето за реадмисија со Грција, односно нивно враќање во земјата од каде што влегле, нешто кое досега воопшто не профункционирало. Оние кои сакаат да останат бараат азил. Процесот трае со години.

Дополнително, целата ситуација ја усложнува и пандемијата со Ковид-19. Некои сметаат дека движење на мигрантите сега е и безбедносно прашање од здравствен аспект, бидејќи само оние кои ќе се најдат во транзитните центри, поминуваат низ процес на тестирање или карантин, а тоа е многу мал број. Од Легис пак бараат наместо 25 дена, оние кои се позитивни да бидат во 14 дневен карантин, а оние кои се негативни да се движат слободно низ транзитниот центар.

Инаку во последните шест месеци се откриени 15277 мигранти кои илегално влегле во земјава.

XS
SM
MD
LG