СКОПЈЕ - Едногласно со 115 гласа „ЗА“ Собранието ги изгласа трите закони од петиот пакет економски антикризни мерки и со тоа се надмина пречката за исплата на државната помош во износ од една милијарда и 920 милиони денари како поддршка за исплата на плати во приватниот сектор за месеците февруари и март.
Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.
Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се со директни фискални импликации.
Додека 113 пратеници гласаа од салата во Собраниската купола, двајца пратеници заболени од Ковид-19 и во скафандери гласаа од изолирани кабини во Собранието. Станува збор за пратеничката Бисера Костадиновска - Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ кои имаат решенија за изолација.
Спикерот Џафери новното присуство го објасни во дополнувања во протоколот за работа, но официјално ниту од Собранието, ниту од Министерството за здравство, ниту од Владата нема информација како и кога се сменети протоколите и е овозможено лице кое има решение за изолација да го напушти својот дом и да оди на работа, нешто што е кривично дело предвидено до членот 205 и 206
Нивното присуство предизвика жестока расправа и обвинувања на добро познатата реалција СДСМ - ВМРО - ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО - ДПМНЕ со жестоки осуди и најави за кривични пријави поради присуството на двајцата позитивни пратеници во Собранието а лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека денешните настани во Собранието се тероризам.
„ Пратениците болни од Ковид веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно. Изолацијата од Ковид е задолжителна и истата не смее да се прекршува и прекинува, за ништо друго освен за посета на лекар. Гласањето е нелегитимно. Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место“, соопштија од партијата.
СДСМ пак соопштија дека со изгласувањето на антикризните мерки била поразена деструктивната политика на опозицијата.
„ Денеска повторно победи народот, повторно се поразени деструкциите на опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство сторија сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна. За разлика од нив, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлеуваат и десеттици илјади работници да останат без плати“, стои во партиското соопштение.
Од опозициската Алијанса за Албанците се на ставот дека спикерот Џафери ја залоупотребил својата позиција како и дека двајцата заболени пратеници биле искористени непотребно. Од партијата соопштија дека го известиле Џафери дека ќе присуствуват на 32 седница и дека ќе гласаат за да може да се прејде на 36та седница.
„Ние како албанска опозиција со нашите пратеници бевме присутни и во четврток на свиканата 32. седница, иако за време на Ифтар, сепак дојдовме. Факт е дека, мислам 19. точка на дневен ред, односно точката за антикорупциската стратегија и таа точка се гласаше со 73 пратеници, што е доказ дека денеска немало потреба од страна на претседателот да се малтретираат нашите колеги што се заразени со Ковид-19“, изјави Елми Азири, пратеник од Алијанса.
Претходно, со помош на двајцата заболени пратеници се направи квроум за да се одржи и 32 седница на која беше изгласана Националната стратегија заспречување на корупција и уште петнаесетина закони за кои опозицијата најави дека нема да гласа и нема да влезе во салата за да има кворум.
Ова е втор пат во Собранието да се носат пратеници кои се позитивни или суспектни на Ковид-19. Минатата година тоа се случи со пратеникот Арбен Зибери кој гласаше од истата кабина за формирање на Влада додека го чекаше резултатот од тестирањето кое потврди дека е позитивен на коронавирусот.
Facebook Forum