Линкови за пристапност

ЕУ очекува да продолжи дијалогот меѓу Скопје и Софија


ЕУ очекува да продолжи дијалогот меѓу Скопје и Софија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Европските институции очекуваат дека Софија и Скопје ќе го продолжат дијалогот за отворените прашања и ќе дојдат до одржилво решение.

Проценките на дел од пратениците во Европскиот парламент, кои го познаваат проблемот и се добро запознанени со ситуацијата, е дека постигнување компромис за акцискиот план со конкретни мерки и прецизни тајминзи за нивна имплементација може да резултира со деблокада од Бугарија и одредување датум за меѓувладина конференција. Има и сугестии-предлози за европски експерти да ја преземат дебатата за отворените историски прашања меѓу двете земји.

„Билатералното прашање со Бугарија е важно и мислам дека ако довербата ја нема, единствен начин двете страни да се вратат на преговарачката маса е преку обновување на довербата, да се навратат на договорите. Мислам дека билатералните прашања не треба да се пречка за натамошната интеграција на регионот во ЕУ. Не треба да градиме други ѕидови, туку треба да градиме мостови. Тоа е наша одговорност како политичари“ вели Илхан Кјучук, известувач на ЕП за Северна Македонија.

„Имам една сугестија – ако историската комисија соодветно не функционира, заглавена е поради политички процеси, тогаш можеби би требало да најдеме 2-3 истакната европски историчари кои би воделе вистинска историска дебата без каква било внатрешна политичка димензија на регионот. Мислам дека тоа би било добро решение“ вели Андреас Шидер, пратеник во ЕП.

XS
SM
MD
LG