Линкови за пристапност

Случај „Трезор“ - 8 години затвор за Сашо Мијалков


Случај „Трезор“ - 8 години затвор за Сашо Мијалков
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Нова пресуда против Сашо Мијалков. Судот денеска се произнесе за предметот „Трезор“ - дека поранешниот шеф на поранешната УБК ја злоупотребил службената положба и овластувања при набавката на електронско-комуникациска опрема од британска фирма за потребите на УБК.

„За наведените кривични дела судот обвинтетиот Мијалков го осудува на единствена казна затвор во траење од 8 години“ рече судијката Џанета Бегтовиќ.

Судот им одреди високи затворски казни и на соработниците на Мијалков – 15 години за поранешниот функционер на УБК, Горан Грујевски, кој е пребеган во Грција, 5 години за екс помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и за поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Обвинителството побара, а судот одобри притвор за Мијалков. Тој се врати во затворот во Шутка каде се наоѓа речиси два месеца откако беше првостепено осуден на 12 годишна затворска казна за незаконското прислушување.

„Одбраната смета дека овие 2 конструирани обвиненија и овие пресуди кои се донесени по овие конструирани обвиненија нема да ја исрпоат правната критика на одбраната, ниту пак студиозната проверка на овие пресуди од страна на повисоките инстанци“ рече адвокатот Петар Василевски.

Четворицата кои денеска беа осудени, се задолжени солидарно да ја надоместат штетата направена на буџетот на државата зашто опремата, наместо директно да ја набави МВР, била купена со посредство на фирмата „Финзи“ и со тоа, според обвинението биле злоупотребени околу 860 илјади евра. Од „Финзи“ се конфискува имотна корист остварена од кривичното дело од околу 160.000 евра.

XS
SM
MD
LG