Линкови за пристапност

Јапонија планира да испушти радиоактивна вода од Фукушима


Јапонската влада го одобри планот за испуштање милиони тони радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан.

Планот беше одобрен во вторникот за време на состанокот на кабинетот на премиерот Јошихиде Суга.

Електричната компанија Токио, оператор на централата Фукушима Даичи, ќе започне со празнење на 1.3 милиони тони загадена вода во океанот во 2022-тагодина, кога резервоарите за складирање на централата ќе бидат полни.

Премиерот Суга рече дека планот за испуштање на водата во морето е „неизбежен“ дел од деактивирањето на постројката во Фукушима.

Водата ќе биде филтрирана за да се отстранат штетните нуклеарни изотопи и дополнително да се разреди.

Централата престана со работа на 11-ти март 2011 година, кога земјотрес со јачина од 9.0 степени предизвика цунами што го зафати североистокот на Јапонија пред да стигне до префектурата Фукушима.

Големите бранови ги оштетија системите за напојување и ладење на централата и доведоа до топење на трите реактори, со што огромни количини радиоактивни честички беа испуштени во воздухот. Стотици илјади жители беа принудени да се евакуираат со што ова стана најголема нуклеарна катастрофа во светот по онаа во Чернобил во 1986 година.

Планот за испуштање на водата е силно критикуван од локалните риболовни заедници во близина на Фукушима, кои стравуваат од влијание на загадената вода врз морскиот живот.

Регионалните соседи Кина и Јужна Кореја исто така го критикуваа планот на Токио, а Пекинг го нарече „неодговорен“, додека Сеул вели дека тоа „може да придонесе директно и индиректно врз безбедноста на нашите луѓе и околината“. Министерството за надворешни работи го повика амбасадорот на Јапонија неколку часа по објавата да покрене официјален протест.

Но, Стејт департментот на САД објави соопштение на својата веб-страница за поддршка на одлуката на Јапонија, велејќи дека таа е „во согласност со глобално прифатените стандарди за нуклеарна безбедност“.

Јапонската влада потроши речиси 300 милијарди долари на проекти за обнова во Фукушима и другите околни области, но многу области околу оштетената нуклеарна централа остануваат недостапни порадии високото ниво на радијација.

Повеќе од 40.000 жители се уште се раселени.

XS
SM
MD
LG