Линкови за пристапност

Почнуваат рамазанските пости


Денеска почнува муслиманскиот свет месец Рамазан кој го одредува Комитетот за набљудување на Месечината на Саудиска Арабија.

Аџиите во понеделникот извршија ритуали на исламското свето место Кааба во градот Мека во Саудиска Арабија.

Милиони луѓе, претежно од прекуокеанските земји, обично ја посетуваат Кааба во текот на Рамазан, деветтиот месец од муслиманскиот календар, но бројките ќе бидат ограничени поради мерките на претпазливост поради пандемијата.

Кааба е местото кое треба да го посетат барем еднаш во животт сите Муслимани кои имаат можност за тоа.

Додека трае Рамазан Муслиманите не јадат и не пијат од изгрејсонце до зајдисонце.

XS
SM
MD
LG