СКОПЈЕ - Американската амбасада во Скопје работеше заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и даде техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ Македонија, соопштија за порталот „СДК.МК“ од амбасадата.
„Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од амбасадата на САД.
МВР денеска излезе со детали од вчерашната полициска акција и соопшти дека се одвивала во координација на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА.
Запленети се 200 килограми маруихуана, оружје, муниција, поголема сума на пари како и девизи со траги од боја бидејќи биле украдени од банкомат.
Меѓу приведените освен командирот на полициската станица во Прилеп е и лице кое што соработувало со фирми за прозиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола, па затоа е извршена контрола и во фабриките. Како организатор на криминалната група од МВР посочуваат триесет и петгодишен жител на Струмица.
„Денеска ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, и тоа против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“, соопштија од МВР.
Акцијата беше изведена вчера попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнаа автомобилот„ауди А8“, во кој биле високиот полициски функционер К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“,во кое се превезувале А.У и Г.К., а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.
Истовремено во Прилеп е уапсен М.С., кој управувал камион„ивеко“ а во Гевгелија, на бензинска пумпа, е уапсенорганизаторот на криминалната група Д.Ј..
Во претрес во стан во Скопје откриено и запленето еоружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје во стан во Битола се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. Во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени најдени кај командирот на прилепската полициска станица. Во Битола се најдени и запленети пари и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат.
Facebook Forum