Линкови за пристапност

Најтешка недела досега - вирусот однесе 260 животи, во последното деноноќие рекордни 51 починат


1.302 новозаболени во последните 24 часа. За една недела рекордни 7.933 нови случаи. Бројот на смртни случаи зголемен речиси за третина. Состојбата во болниците критична, огромен број пациенти се на кислородна поддршка, недостасува медицински персонал кој веќе е на работ од изнемоштеност

СКОПЈЕ - Минатата недела е најтешката недела во Северна Македонија од почетокот на епидемијата на Ковид -19, покажува анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).Во периодот од 29 март до 4 април 260 семејства во 27 градови низ државата се завија во црно штое најголема бројка на жртви во една недела. Она што дополнителни загрижува е фактот што паѓа старосната граница на заболените и на жртвите па во овој период дури 18 починати биле на возраст од 20 до 49 години.

„Во однос на возраста, 215 лица биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години“, стои во анализата на ИЈЗ.

А денеска нов удар. Во последното деноноќие 51 пациент ја загуби битката со вирусот од кои најмладиот има само 32 години а бројката на починати се искачи на 4.076 лица. Само во послени три дена починаа 133 граѓани.

Во анализираниот период регистрирани се рекордни 7.933 новозаболени од кои најголем број се во Скопје - 3.534 случаи. Сепак најголем инциденца е регистрирана во Кавадарци каде што има 583 случаи на 100 илјади жители. Рекордниот број на заболени беше на 30 март кога здравствените власти броеа до 1.511 лица.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60години со 2.392 случаи или 30,2%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години - 1.422 случаи, од30 до 39 - 1.414 слуачи, од 40 до 49 - 1.313 случаи и од 20до 29 години - 917 случаи“, информираат од ИЈЗ.

Во последните 24 часа пак регистрирани се 1.302 новозаболени од кои 523 се во Скопје а дур 115 се во Битола.

Во моментов како активни се водат 21.890 случаи

За раширеноста на вирусот низ државата сведочи и податокот од анализата според кој од 26 илјади направени тестови во просек процентот на позитвни бил 29,3 отсто.

Болниците се исполнети до максимум. Според последните официјални информации од министерството за здравство утрово хоспитализирани се рекордни 1.740 пациенти за здравствените капацитети располагаат со околу 260 слободни кревети во целата држава.

Само во Скопје во Ковид центрите и на инфективните одделенија се хоспитализирани 698 пациенти а изминатата ноќ бие примени нови 81 заболен. Во болнициет во внатрешноста се лекуваат уште 1.042 пациенти.

Најголем дел од хоспитализираните се со тешка клиника слика и над 80 отсто од нив се на ксилородна поддршка или респиратор. Во некои болници сите пациенти се поставени на инванзивна или неинванзива поддршка за дишење.

Медицинските тимови се исцрпени и недостасуваат лекари и медицински сестри. Затоа од утре осум лекари специјалисти од приватните клиники ќе бидат на располагање во државното здравство и вклучени во системот на ротација.

И по 14 месеци од почетокот на епидемијата нема решение за прескапите лекарства кои пациентите кои се лекуваат во домашни услови ора да ги примаат и за кои мора да одвојат и по 500 евра месечно. Нема решение и за цените на лекување во приватните клиники кои често изнесуваат над 10 илјади евра за што призна и министерот Филипче која кажа дена не постои механизам кој би ги ограничил цените на услугите.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО, Северна Македонија е во фаза 4 односно широко-распространета трансмисија во заедницата, подниво 3 што значи со умерени капацитети за одговор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG