Линкови за пристапност

Индиректни разговори меѓу САД и Иран во Виена


Соединетите Држави и Иран треба да започнат индиректни разговори во Виена со цел заживување на договорот од 2015 година со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на брифинг со новинарите во понеделникот изјави дека специјалниот пратеник на САД за Иран, Роберт Мали, ќе ја предводи американската делегација на разговорите во Виена во кои Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија бараат да го оживеат иранскиот нуклеарен договор, познат како Заеднички сеопфатен план за акција. Четирите други светски сили се обидуваат да ги вратат САД во договорот од 2015 година и да го вратат Иран во целосна согласност со него.

Прајс рече дека разговорите во вторникот ќе бидат „структурирани околу работните групи“ што Европската Унија ќе ги формира со Иран и другите преостанати страни во Договорот. Тој рече дека агендата ќе се фокусира на „нуклеарните чекори“ што Иран треба да ги преземе за да ја врати својата усогласеност со Договорот и на „чекорите за олеснување на санкциите“ што САД треба да ги преземат за да се приклучат.

Прајс рече дека САД ќе размислат за укинување на нуклеарните санкции што поранешниот претседател Доналд Трамп му ги наметна на Иран во замена за „потрајни и проверливи ограничувања“ на иранската нуклеарна програма.

Говорејќи во понеделникот во Техеран, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех, повтори дека неговата страна сака разговорите да се фокусираат на укинување на како што рече, суровите санкции на САД кон Иран. Тој рече дека Техеран нема да прифати САД да го прават тоа „чекор по чекор“ односно паралелно со преземање чекори од страна на Иран за продолжување на усогласеноста со Дооговорот.

„Ние бараме само еден чекор, кој вклучува укинување на сите санкции на САД. За возврат, Иран е подготвен да ги суспендира своите активности “, рече Хатибзаде.

Прајс се обиде да ги минимизира очекувањата за разговорите во Виена, велејќи дека САД не очекуваат брзи резултатии.

„Очекуваме дека овие дискусии ќе бидат тешки“, рече тој. „Но, ние веруваме дека овие дискусии со нашите партнери и, за возврат дискусиите на нашите партнери со Иран се здрав чекор напред“, додаде тој.

Хатибзаде, исто така, го повтори ставот на Иран дека нема да се состане директно со САД како дел од разговорите. Прајс рече дека САД не очекуваат директни разговори со Иран, но остануваат отворени за нив.

Разговорите веројатно ќе се водат во хотелот Империјал во главниот град на Австрија или Гранд хотел Виена, според Гласот на Америка на персиски јазик.

Репортер на Гласот на Америка во градот ги идентификуваше местата набљудувајќи ги членовите на иранската делегација како се движат меѓу двата хотели, што се наоѓаат на неколку минути одење еден од друг на спротивните страни на големиот булевар и со разговор со неколку претставници на хотели.

Членовите на иранската делегација што се гледаат во видео клиповите и фотографиите добиени од Гласот на Америка на персиски јазик не можеа веднаш да бидат препознаени.

Не е јасно во кој од двата хотели во Виена ќе се одржи состанокот на САД и четирите други светски сили а во кој состанокот на Иран со истите четири

XS
SM
MD
LG