Линкови за пристапност

Построги рестрикции - подолг полициски час и затворени кафулиња, ресторани, фитнес центри


Построги рестрикции - подолг полициски час и затворени кафулиња, ресторани, фитнес центри
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Северна Македонија ги заострува рестриктивните мерки откако „третиот бран“ на Ковид-19 ги наполни болниците, билтените на починати и максимално го оптовари здравствениот систем.

Владата денеска реши - од утре полицискиот час ќе почне од 20, наместо како досега, од 22 и ќе трае до 5 часот. Во наредните 2 седмици се затвораат угостителските објекти – од задутре кафулињата и рестораните нема да работат, освен за достава на храна. Од 6 до 20 април се затвораат и фитнес клубовите, а обложувалниците нема да смеат да примаат посетители, се забранува и одржување семинари и работилници.

„Бројот на новозаразени расте, бројот на починати расте. Здравствените работници досега се справуваа со пандемијата, но сега постои сериозно оптоварување на здравствениот систем. Ова е најголемото оптоварување на здравстевниот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога е потребно да пресретнеме нови влошувања на ситуацијата“ рече премиерот Зоран Заев.

Заев повика мерките да се почитуваат – најави засилени полициски и инспекциски контроли. Апелираше до граѓаните без потреба да не излегуваат од дома и да не се групираат. Министерот за здравство очекува мерките да доведат до намалување на ширењето на вирусот и да го намалат притисокот врз системот.

„Имаме голем број хоспитализирани, а лекувањето трае подолго и тоа го усложнува процесот. Огромна е бројката на хоспитализирани пациенти и сметаме дека празниците што доаѓаат можат да ја комплицираат ситуацијата и затоа не сакаме да ризикуваме“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Наспроти денешното заострување на мерките, пред само 6 дена на координацијата на Филипче со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести беше заклучено дека „нема потреба од воведување нови дополните рестриктивни мерки, зашто тие не би дале резултат со оглед на тоа што земјата се наоѓа на, како што се објаснуваше, крајот на активноста, на респираторниот вирус, на 6 до 8 недела од третиот бран“.

XS
SM
MD
LG