Линкови за пристапност

Последни подготовки пред стартот на вакцинацијата во „Борис Трајковски“ (фотогалерија)

Во понеделник почнува вакцинацијата во „А1 арена Борис Трајковски“. Граѓаните ќе се вакцинираат со вакцината „Спутник В“ а за првиот ден веќе се закажани термини за 3.000 лица

Пунктовите за вакцинација се поставени од двете страни на теренот а во средината се поставени столчиња за граѓаните кои ја примиле вакцинацијата. На влезот во салата се тимовите на „Црвен крст“ кај кои ќе се пополнуваат пријавите за вакцинација, а внатре во салата се поставени пунктовите со компјутери преку кои граѓаните ќе се внесуваат во систем и ќе им се издаваат потврди за римена вакцина со датум на терминот за ревакцинација.
Пунктовите за вакцинација во „Борис Трајковски“ ќе работат во две смени, седум дена во неделата, а ќе бидат ангажирани околу 20 медицински сестри и 5 доктори.
Денеска во салата се направи симулација на процесот на вакцинација, иако вакцините се пристигнати пред два дена а салата се подготвува речиси една недела.
„Потребно е системот добро да се постави за да нема хаотични ситуации. Затоа ја правиме денешната координација, а изминатите денови се завршија постапките во МАЛМЕД. Важно е добро да се постави системот за кога ќе тргне проблемите да се минимизираат“, рече Филипче.
Во „А1 арена Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат вработените во критичната државна инфраструктура, како што се полицајците, припадниците на армијата, воспитувачките, новинарите и вработените во јавниот превоз

XS
SM
MD
LG