Линкови за пристапност

Србија донираше 20 илјади вакцини „Спутник В“, вакцинацијата на возрасните продолжува


Со „Спутник“ ќе се вакцинираат возрасните но и припадниците на ;ВР, АРМ, новинарите, просветните работници. Вакцинацијата во „Борис Трајковски“ почнува во понеделник. Премиерот најави дека оечкува поголема количина на вакцини овој месец и најави дека ќе се порачаат уште 500 илјади дози од Кина

СКОПЈЕ - Дваесет илјади дози вакцини од производителот „Спутник В“ денеска пристигнаа во Институтот за трансфузиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како донација од Србија. Во рамките на оваа донација ќе бидат испорачани дополнителни 20 илјади дози со кои ќе се ревакцинираат граѓаните кои веќе ја примија оваа вакцина. Министерот Филипче најави дека со „Спутник В“ ќе се вакцинираат ворасниоте граѓани над 75 години но и вработените во критичната државна инфраструктура, војската, полицијата, образованието, медиумите, судството и јавниот превоз чија вакцинација беше најавена но потоа одложена поради дилемите околу употребата на вакцината на „Астра Зенека“.

„Вакцините на „Спутник“ ќе бидат во еден дел да се надополнат уште повеќе овие критични категории на граѓани, но и за почеток на оние категории кои веќе ги најавивме согласно најавата дека ќе ја чекаме и официјалната потврда на Агенцијата ЕМА и нивното мислење за тоа дали на помлади групи на граѓани може да се даде вакцината „Астра Зенека“, ние сега тој процес ќе го започнеме токму со оваа количина од вакцината на „Спутник““ рече Филипче.

Вакцинацијата со „Спутник В“ ќе почне во понеделник во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се вршат последните подготовки и се поставува неопходната опрема. Вакцинацијата во овој центар ќе се врши на 48 пункта.

Според надлежните во текот на април и мај може да се оечкува познатичтелна количина на вакцини, директно од прозиводителите и преку Ковакс системот. Премиерот Заев соопшти во план е и дополнително да се порачаат уште 500 илјади дози вакцини од „Синовак“ а планот е да се стигне до бројката од 2,6 милиони дози.

„Очекуваме во текот на овој месец да стигнат првите 20 до 25 илјади од вкупно 100 илјади вакцини од Европската унија и сите 200 илјади вакцини од Кина, како и следните количини од „Спутник В“ и вакцините од „Фајзер“, од кои имаме нарачано 800 илјади. Ќе се набават и дополнителни 500 илјади од втората кинеска вакцина „Синовак“, со што ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини, за 1,3 милиони граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев.

Прашан дали тој ќе се вакцинира премиерот соопшти дека се пријавил електронски за вакцинација, како и целиот кабинет, и дека ќе се вакцинира кога ќе му биде даде термин без разлика за која вакцина станува збор.

Денеска продолжи вакцинацијата на возрасните граѓани над 77 години со хронични болести.

На пунктот во поликлиниката „Јане Сандански“ разговаравме со 92 годишниот Душко Талевски кој кажа дека немал длиема дали да се вакцинира.

„Дојдов затоа што треба. Ме вакцинираа, поседов 15 минути и се е во ред. Значи вакцината е добра, треба да ја примат сите. Ќе добијат антитела и ќе бидат безбедни за себе и за околината“, вели Талевски.

Според официјалните податоци на здравство, за вчера биле закажани 924 термини а биле реализирани 730, односно двестотитни пензионери не се појавиле на закажаното вакцинирање. Битно е да се напомене дека термините кои ги добија граѓаните од оваа група важат седум дена и доколку го испуштат сепак ќе може да се вакцинираат накнадно.

А состојбата на терен е алармантна. Во последната недела за 30 отсто е зголеме бројот на починати, а само во месец март битката со вирусот ја загубија дури 657 пациенти што е петина од вкупно број на починати од почетокот на епидемијата.

Црните рекорди се нижат. Вчера имаше најголем број на новозаболени во едно деноноќие а денеска најголем број на хоспитализирани.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите“, информираат од Министерството за здравство.

За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на хоспитализираните пациенти.

„За оваа болест за жал се уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот“, рече Филипче.

За надлежните, полицискиот час ги дал резултатите, но факт е дека бројките од ден во ден растат а старосната граница на жртвите и заболените паѓа и се поголем број на млади се заболени со тешка клиничка слика или пак хоспитализирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG