СКОПЈЕ - Почна вакцинацијата на возрасните граѓани над 77 години со хронични болести. На три пункта во Скопје, во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“ и во здравствените домови во Битола, Прилеп, Велес, Штип, Куманово ,Охрид, Кавадарци иГостивар вакцинацијата тече од утрово а од петок ќе почне и во останатите градови во државата.
Вакциналните пунктови работат во две смени до 20 часот, од понеделник до петок, а вакцинацијата се врши според термините закажани од матичните лекари на граѓаните.
Според последните официјални информации резервирани се околу 6.000 термини до 9 април а на располагање се уште околу 3.500.
Вакцинацијата се врши со вакцините на прозиводителот „Астра Зенека“, вкупно 24 илајди дозикои викендов беа испорачани преку Ковакс системот. Според првичните најави 20 илајди вакцини се рзервирани за првата група граѓани над 77 година а четири илјади дози за вработените во критичната државна инфраструктура.
Конфузија околу вакцината на „АстраЗенека“
Здравствените власти го сменија ставот околу вакцината на прозиводителот „Астра Зенека“ од комплетно безбедна до безбедна само за возрасните и предизвикаа конфузија кај граѓаните а особено кај оние кои ја искористија можноста и се вакцинираа со оваа вакцина викендов во Србија. А нивната бројка не е воопшто наивна.
Министерот Филипче вчера попладне најави дека покрај возрасните граѓани со „Астра Зенека“ ќе се вакцинираат и полицајци, припадници на Армијата, новинари, просветни работници, вработени во судството и во јавниот превоз и дека за нив се наменети четири илјади дози од оваа вакцина. Неколку часа подоцна тој ретерираше и најави дека оваа вакцина нема да се дава на лица под 60 годишна возраст поради ризик од тромботична реакција односно згрутчување на крвта и дека ќе го следи преимерот на Германија и Канада.
Денеска тој соопшти дека 28 годишна девојка која се вакцинрала со овој тип на вакцина во Србија е хоспитализирана пораки компликации но дека е во стабилна состојба. Појасни и дека македонските државјани кои се вакцинираа во Србија не треба да превземаат никакви превентивни мерки и дека нема простор за паника, но и дека ќе бидат ревакцинирани .
„Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата.Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра зенека засега се појавиле само кај помладите од 60 години.Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника. Заради предострожност бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите“, рече Филипче.
Не може да биде полошо од она што го гледам околу мене
Скопјанецот Горан Атанасовски во саботата се вакцинираше во Ниш заедно со неговата сопруга.
„Се двоумев, сопругата беше убедена и тргнав во нејзина придружба но неодлучен. Кога стигнав таму и кога видов редици луѓе, стари и млади, како се борат за да дојдат до вакцина застанав во ред и исчезнаа сите двојби. Да не тргнаев со сопругата немаше да се вакцинирам. И не се каам за мојата одлука воопшто“, вели тој за Гласот на Америка.
За самиот процес на вакцинација вели дека бил пријатно изненаден од српските власти и организацијата.
„Формулар за пријава, вода, сокови, насмевка на лице. Тие беа тука за викенд и работеа за нас. Без разлика дали се плаетни или не, не беше својствено за овие простори. Ни дадоа формулар, две минути беа потребни да не заведат во книга. Дали си прележал, дали си алергичен на нешто,и во која рака сакам да ме вакцинираат беа прашањата. Се на се 3 минути процес. И јас бев вакциниран“, раскажува Атанасовски и додава дека тој немам никакви пост вакцинални ефекти а неговата сопруга имала благо покачена температура наредниот ден но во кратеко период .
Вели дека ќе се ревакцинира иако е збунет од последните информации на надлежните но и дека престанал да им верува. Убеден е дека вакцината е безбедна.
„Ќе направам тест за анти тела по четири недели. Мои блиски по првата доза примена од „Астра Зенека“ развијат огромна количина на анти тела. Така да не гледам причина да не серевакцинирам. Збунувачки се последните информации кои ги пласираат надлежните. Навистина се збунувачи и престанав да верувам. Статистиките на кои се повикуваат и ако се споредат со нашите услови не држат. Да можеби има смртни случаи но сметам дека тоа е инцидентно. Она што сакам да нагласам дека не може да биде полошо од она што го гледам околу мене. Мои врсници се во болница, мои пријатели две недели не можатда ја симнат температурата и се во многу лоша здравствена состојба се. Од тоа полошо нема“, дециден е Горан.
Ивана Васевска се вакцинираше во Врање со нејзините родители пред еден месец. Минатата недела се ревакцинираа. За разлика од мнозинството таа е вакцинара со вакцината „Спутник В“.
„Отидовме на 2 март во Врање. Не сакав повеќе да чекам и нависните бев исплашена заради моите родители. Буквално се појавивме пред вакциналниот пункт и побаравме да не вакцинираат. Немавме ниту пријава ниту закажано. Немаме ни српско државјанство. Не примија и не вакцинираа. Имавме можност дури и да бираме меѓу „Спутник В“ со која се вакциниравме и „Фајзер“. Ни дадоа термина за ревакцинација, 23 март. Дојдовме и не ревакцинираа. Конечно една грижа помалку“, вели Васевска
Мерките дадоа резултати а вирусот е масовно раширен
Комисијата за заразни болести попладнево ќе одржи состанок на кој ќе ги анализира бројките на починати, заболени и хоспитализирани но според најавите од министерството за здравство нема да има дополнителни рестриктивни мерки, нешто што граѓаните го очекуваа откако беше донесена одлуката за одложување на пописот. Повеќе од извесно е дека ќе останата досегашните мерки, полициски час на целата територија на државата од 22 до 5 часот и работно време на угостителите до 21 часот.
Сепак она што збунува се официјалните информации на надлежните кои тврдат дека полицискиот час ги дал посакуваните ефекти и резултати а од друга страна пак соопштија дека нема да има дополнителни рестрикции бидејќи веќе вирусот е широко распорстранет меѓу населението и нема да има никаков ефект.
„Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети“, стои во официјалната информација на здравство која вчера беше испратена до медиумите.
Резултатите за кои тврдат дека мерките ги дале јавноста сеуште ги чека.
Во Скопје починаа две родилки заболени од Ковид-19 со тешка клиничка слика.Една од нив е 33-годишна жена од Делчево, а другата е 32 годишна скопјанка, двете биле второтки, а пораѓањето било извршено пред две недели на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
А во последното деноноќие, само во Скопје се хоспитализирани 77 пациенти, а вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1. 581 што е најмногу од почетокот на епидемијата. Според официјалните информации здравствените капацитети располагаат со уште 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Facebook Forum