Линкови за пристапност

Почна судењето на поранешниот полицаец обвинет за смртта на Џорџ Флојд


Дерек Шовин се соочува со обвинение за убиство, а воведните аргументи ќе бидат сослушани од мултиетничка комисија.

Изнесувањето на аргументите започна денес на закажаното судење на поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кому му се заканува обвинение за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кое се случи минатата година во месец мај. Смртта на Флојд предизвика протести низ целиот свет.

Сведочењето за главниот претрес може да трае еден месец.

Четириесет и петгодишниот Шовин, се изјасни за невин во врска обвиненијата за убиство од втор и трет степен, кој имал 46 години. Доколку биде прогласен за виновен, Шовин може да се соочи со повеќе години затвор.

Шовин претходно изјави дека ја следел полициската обука за апсењето на Флојд, притискајќи го со коленото врз вратот околу девет минути. До немилиот настан дошло откако била побарана интервенција на полицијата од страна на една продавница која го пријавила Флојд дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари.

Флојд почина како последица на полициска бруталност откако се пожали дека не може да дише. Настрана од тврдењето дека неговиот клиент ја следел полициската обука за начинот на апсењето, бранителот на Шовин, Ерик Нелсон, се очекува да изнесе тврдење дека Флојд починал од здравствени проблеми, а не затоа што Шовин го држел на улица пристискајќи го на вратот со коленото.

Во своја одбрана, судијата што го надгледуваше судењето рече дека Нелсон може да и’ соопшти на поротата за претходната средбата меѓу Флојд и полицијата во Минеаполис во текот на 2019-та година.

Нелсон рече дека инцидентот во 2019-та година е од клучно значење за неговиот аргумент дека здравствените проблеми на Флојд и нивото на лекови во неговиот организам го убиле, а не соборувањето на земја од страна на Шовин дента, 25-ти мај 2020-та година.

Обвинителите се спротивставија на двеминутното видео од инцидентот во 2019-та година, тврдејќи дека тоа е обид да се оцрни ликот на Флојд кај поротниците.

По смртта на Флојд во наредните неколку недели се случија и улични протести за полицискиот однос кон малцинствата, од кои дел од нив беа насилни а, избувнаа во бројни градови во САД и на други места низ целиот свет.

Во текот на последниве три недели, беше избрана комисија за овој случај, составена од тројца заменици, од различна расна припадност.

Според судските записи во панелот се вклучени шест бели жени, тројца бели мажи, тројца Афроамериканци, една Афроамериканка и други две жени.

Градот Минеаполис неодамна се согласи да им исплати на роднините на Флојд 27 милиони долари отштета за решавање на овој случај. Но, судењето не беше одложено поради спогодбата.

XS
SM
MD
LG