Иако Бајден секој ден ги брифира новинарите преку неговата портпаролка и одговараше на прашањата на други начини, тој е првиот претседател во последните четири децении кои олку долго од почетокот на мандатот не одржал формална сесија со прашања од новинарите.
„Ова е можност тој да им се обрати на американските граѓани, очигледно директно преку покривањето, преку вас“ им рече портпаролката Џен Псаки на новинарите. „Мислам дека тој размислува за она што сака да го каже, да го порача и со нетрпение ја чека можноста да се соочи со слободното новинарство“ додаде таа.
Бајден најверојатно ќе се соочи со прашања за повеќе актуелни домашни теми како вооружените напади во Џорџија и Колорадо, ситуацијата на американско – мексиканската граница и справувањето со пандемијата.
На меѓународен план Бајден може да очекува прашања за изгледите за повторно вклучување во иранскиот нуклеарен договор, неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја, ситуацијата во Мјанмар, американските односи со Кина и Русија.