Европската Унија подготвува регулатива со која ќе биде ограничен извозот на вакцини против Ковид-19 произведени во некоја од 27-те земји – членки.
Легислативата има за цел да помогне во надминување на недостатокот на вакцини со кои се соочува блокот.
Многу европски земји не се задоволни од производителите особено од британско – шведската АстраЗенека која ја преполови планираната испорака на вакцини во првиот квартал од 2021-та.
Ситуацијата може дополнително да ги затекне односите со Обединетото Кралство зашто предложената легислатива ќе ја отежне дистрибуцијата на вакцини во оваа поранешна земја – членка.
Европа се соочува со трет бран на пандемијата, во многу земји болниците се преполни и беа повторно воведени рестриктивни мерки.